Да и помогнеме на петгодишната Николинка која боледува од леукемија

Петгодишната Николинка Митева од струмичко Пиперево боледува од леукемија а за лекувањето во Германија се потребни 120 илјади евра. Сторијата за малата Николинка ја објави телевизијата „Канал 5“.Повеќе од четири месеци Николинка ги поминала во константно посетување на детската клиника во Скопје, каде била утврдена реума, а таква била дијагнозата и во соседна Бугарија. Подмолната болест е откриена дури во Германија, откако родителите на сопствена иницијатива ја однеле бидејќи се влошувала состојбата на девојчето. Николинка веќе ја прима хемотерапијата во Германија и во рок од девет месеци треба да се уплатат на сметка во банката 120 илјади евра.
Доколку се утврди дека е потребна трансплантација на коскена срж, ќе бидат потребни дополнителни 80 илјади евра.
Семејството Митеви не се во можност да ја обезбедат оваа сума. Божиќната молба и порака на Митеви е да се обединат хуманите луѓе, да донираат за да се спаси најмалата, трета сестричка во ова струмичко семејство.Повеќе од четири месеци Николинка ги поминала во константно посетување на детската клиника во Скопје, каде била утврдена реума, а таква била дијагн

Пронајдете не на следниве мрежи: