?? ?? ?? ??????? ???? ?? ?????? ????? ?? ?????????? ?? ????? ??????

Денес е 24 април денот на кој требаше да се одржат изборите согласно роковникот усогласен со т.н. договор од Пржино. Овој датум на 24 февруари беше поместен за 5 јуни и од тоа Македонија не доби буквално ништо.Единствено нешто поволно за државата, ако може така да се рече, е останувањето на Оливер Спасовски и Фросина Ременски на позициите министри во Владата  за спроведување на изборите и замениците министри кои СДСМ ги номинираше во министерствата за информатичко општество и администрација, земјоделие и финансии.
Останувањето на министрите на СДСМ во Владата за спроведување на изборите не донесе голема корист за граѓаните , туку исклучиво беше искористена за дополнително партизирање на институциите, некоструктивност и создавање на тензии.
Покрај партизацијата на МВР и незаконското унапредување на лица блиски до СДСМ во Министерството, меѓу кои и сопругот на Ременски, Спасовски во периодот од промената на датумот за избори до денес предизвика дополнителни скандали. На 27 февруари при поставувањето на темелот за крст во Бутел не даде наредба полицијата да го обезбеди просторот и на тој начин дозволи вандали да провоцираат и да рушат. На 26 март спроведе необјаснива робусна акција на полицијата во липковскиот крај од кој резултат беа исплашени мештани и вознемирена јавност. На 6 април денот кога се распушти собранието Оливер Спасовски потпиша  100 решенија за прераспределба на вработени во МВР со што директно го наруши  системот на кариера и професионалност во министерството.
Ременски од друга страна во овој период  ја кочеше изградбата на Дом за стари лица иако за него постои точно утврдена динамика. Намерно ги развлекуваше процедурите. Поради блокадите на Ременски 76 семејства од Прилеп не можеа да добијат социјален стан. Техничката министерка тоа го правеше преку свои луѓе во Комисија за распределба на социјални станови. Закочено беше и  отворањето на дневни центри за деца и лица со инвалидност во Неготино и Скопје, постапка која наиде на голема осуда кај граѓаните и родителите кои имаат потреба од истите.
Ременски остави без осигурување 2248 вработени во Министерството како и во 40 институции во состав цели три месеци во 2016. Исто така избрка од работа 44 Роми од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија и вработи членови на СДСМ.
Освен скандалите министрите и замениците од редовите на СДСМ не оставија позначаен белег. Да беше тоа се можеби и немаше да биде така штетно  за државата.
СДСМ и нивните партнери од СОРОС не престанаа да ја продлабочуваат кризата во државата. Прво започнаа со опструкции во ДИК и наоѓаа начини како да го попречат пречистувањето на избирачкиот список што самите го бараа.  Оливер Спасовски одбиваше со денови да го потпише извештајот од административната проверка во МВР и создавањето на комисијата која требаше да ја спроведе оваа операција поврзана со изборниот процес. Се обидоа преку своите медиуми да прогласат 500 000 граѓани во Македонија  за фантоми. Кога оваа магла се крена и кога се виде дека избирачкиот список е легитимен преставниците на СДСМ не го потпишаа извештајот и започнаа да смислуваат нови алиби ситуации за избегнување и на изборите на 5 јуни.
Ја злоупотребија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за ставање крај на кризата и го почнаа своето финално сценарио, за кое и самиот Заев во едно интервју кажа дека може да прерасне во украинско сценарио.
Почнаа со протести во Скопје во кој го мобилизираа своето членство и активистите од невладините финансирани од СОРОС. Овие протести преминаа во хулиганство , палење на објекти, оштетување на објекти, сквернавење на спомен обележја, плукање по македонската историја и хероите. На удар на овие орди беа Триумфалната порта, споменикот на АСНОМ, споменикот на вечниот оган, основачите на  револуционерната организација, ја запалија народната канцеларија на претседателот, настрадаа објектите на АВМУ, град Скопје, АМС, Владата, министерствата за Правда и Култура.
СОРОС со амин на СДСМ ги нападна и полициските сили, ги тепаше, навредуваше, прскаше со боја и им посакуваше “да им се деси Куманово пак“. Активистите на СДСМ тргнаа дури и со секири по полицијата и институциите. Настрадаа и недолжни граѓани кои се обидоа да дејствуваат рационално, а повредени беа и неколкумина полицајци.
 

Граѓаните и јавноста останаа шокирани од ваквото однесување на СДСМ и СОРОС. Граѓаните покажаа дека не даваат поддршка на ваквото однесување кое директно води до дестабилизација на Македонија.
Заев се среќавал и со луѓе кои заговараат федерализација на Македонија
Претставникот на албанската дијаспора вчера отворено призна дека имал средба со Заев на која разговарале за федерализација на Македонија и дека после средбата, помалите албански политички партии излегле на улица за да го поддржат лидерот на СДСМ и неговото барање да нема избори.
Меѓу албанските партии кои веќе се приклучија на протестите на Заев е и движењето Беса составено од радикални структури и платеници на соросовите фондови, кои отворено се залагаат за редифинирање на Македонија.

Јавна поддршка на Заев му даде и струшкиот градоначалник, кој не крие дека за своето учество на протестите ќе бара редефинирање на Македонија како бинационална држава
Акцијата за двонационална Македонија не е никакво табу во опозициските редови. Уште пред две години, Заев за тоа јавно зборуваше во медиумите, што според експертите е главната причина поради која албанскиот фактор во лидерот на СДСМ го гледа својот клучен партнер во намерата за редефинирање на Македонија
За редефинирање на Македонија и нејзина федерализација СОРОС готвеше терен уште пред неколку месеци. Тогаш, првиот човек на соросовата новинарска структура, Бранко Геровски во серија колумни јавно повикуваше дека е време да се разговара за федерализација на Македонија. Неколку месеци претходно, по терористичкиот напад на албанските екстремисти во Куманово, Заев немаше никаков проблем насмеан да се слика со албанското население на местото каде што животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили.Единствено нешто поволно за државата, ако може така да се рече, е останувањето на Оливер Спасовски и Фросина Ременски на позициите министри во Влад

Пронајдете не на следниве мрежи: