Од денеска, понеделник (05.12.2016), започнува акцијата на „Елколект“ за ослободување од опасниот електронски и електричен отпад на територијата на Општина Карпош. Со самата партиципација во еколошката акција која ќе трае од 5ти до 24ти декември, практично, карпошани ќе учествуваат во новата наградна игра „Да рециклираме и да се наградуваме“. Со оставање на старите и нефункционални електрични и електронски апарати во еко-магацините на „Елколект“, совесните граѓани можат да освојат лаптоп, телевизор или правосмукалка.„Елколект“ ја организира оваа акција во соработка со пет општини на територија на Република Македонија, со цел, подигнување на јавната свест за потребата од собирање на опасниот отпад. Препознатливите црвени еко- магацини на „Елколект“ во Општина Карпош се наоѓаат на две локации, кај ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Војдан Чернодрински“. Граѓаните кои ќе го донесат својот електричен и електронски отпад до еко-магацините во својата општина, добиваат купон за учество во наградната игра. Извлекувањето на наградите ќе биде на 24ти декември, а потенцијален добитник на една од овие три награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко-магацинот на „Елколект“.
Купонот во кој ќе се впише името и презимето на учесникот, како и редниот број, е составен од два истоветни дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот се става во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на последниот ден од наградната игра. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на „Елколект“ www.elkolekt.mk и на веб страната на Општина Карпош www.karpos.gov.mk
За секој поединечен оставен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува шансата за награда. Одредени видови опрема и апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, електричен и електронски алат.
Ефикасноста на оваа акција е од огромно значење, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво да се фрла овој тип на отпад во контејнери, на исто место со комуналниот отпад.„Елколект“ ја организира оваа акција во соработка со пет општини на територија на Република Македонија, со цел, подигнување на јавната