Постојат ли правила или некоја тактика со која би ги задржале момците или е доволно да бидеме она што сме?Не му враќате на пораката скоро три часа! Не го барате кога е со пријателите! Не се однесувајте како да сте премногу заинтересирани, тоа е погрешна тактика и никако немојте да го правите првиот чекор или први да му пратите порака, тоа е стварно очајно!
Ви се причинува дека има правила се повеќе и повеќе, а спонтаните потези се помалку? Да се поминува време со личноста која вас ве прави среќна повеќе и не е така едноставно, бидејќи, без вистинската тактика, тој ќе изгуби интерес, а вие ќе станете сами, поразени и искористени.
Да, никој од нас не сака да верува во целост на ова, но работата е тоа што сите сме пробале да бидеме природни, без глумење и преправање да сме нешто што воопшто не сме, и како сето тоа завршило?
Останавме сами, разочарани и тажни? Токму така. Ни се причинува дека не ни е допуштено да го покажуваме своето вистинско лице и забораваме на играта топло-ладно доколку сакаме да бидеме посакувани.
Проблемот со играњето на „љубовните игри“ е тоа што треба да се припремите за губење. Ако сте премногу зафатени со правењето недопирливи, немате да имате време да уживате во ситниците кои љубовта ги носи.
Можеби сакаме да се чувствуваме посакувано, но не би требало да ги правиме од погрешни причини. Не би морале од некого да правиме лубовен роб, ако тој е вистинскиот за вас, би ве сакал онаква каква што сте.
Заклучок? Вистинска тактика не постои. Ние навиваме за вашето природно „јас“, а повременото играње (додека се во мера) можат само дополнително да го зајакнат неговиот интерес за вас. На крај краева, сè е малку поинтересно кога на моменти се правите недостижна.Не му враќате на пораката скоро три часа! Не го барате кога е со пријателите! Не се однесувајте како да сте премногу заинтересирани, тоа е погрешна



