Да се биде министер не значи да се биде шоумен, наместо јавни полемики фатете се за работа

Бидејќи гледам дека на јавна сцена министерот за здравство сака да говори за поединечни теми кои инаку, вообичаено се разговараат на тетатет средби, приморан сум на овој начин да одговорам:  г-дине Таравари колку помалку време посветите на јавни полемики, толку повеќе време останува за работа, работа која е неопходна доколку сакате да менаџирате со здравствениот систем, пишува во својот ФБ статус Сашо Стефаноски.
Тој понатаму вели, министерското место не е позиција на шоумен, туку позиција за човек кој решава предизвици на дневна основа.  Запомнете,ќе помине и вашиот “меден месец”, и можеби во овој период ќе задржите внимание со нестандардни теми, но потоа ќе ве прегазат проблемите кои доколку не се решат на време ќе станат преголем товар за носење. Вистинскиот проблем е што тоа ќе се удри од граѓаните, кои наместо мудрување од Вас,очекуваат работа. Времето потрошено за јавно препукување значи помалку решени проблеми за граѓаните.
Не дефокусирајте и преземете одговорност за позицијата за која што Ви дале мандат и решавајте проблеми на осигурениците и здравствените работници и почнете да ги реализирате проектите кои толку гласно ги најавувавте.  Се друго е само изговор кој ќе го препознаат граѓаните!
Aegroti salus suprema lex е моја агенда.Ви препорачувам да биде и Ваша!, завршува со својот статус Стефаноски.
Бидејќи гледам дека на јавна сцена министерот за здравство сака да говори за поединечни теми кои инаку, вообичаено се разговараат на тетатет средби

Пронајдете не на следниве мрежи: