Црвениот крст на Република Македонија, денеска информира дека е потребно да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење за населението во Струмица, Чешиново-Облешево, Штип, како и во други подрачја кои поради излевање на реките водата не е за пиење.Согласно направената проценка, информираат од Црвениот крст во моментот, има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за дезинфекција).
Помошта компаниите можат да ја предадат во Скопје во магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, со адреса ул. „Момин Поток“ бб, телефон за контакт: 3114 – 355.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош – жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка – донирање 100 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400. Хуманитарната акција започнува од денеска и ќе трае до 15 февруари.
Црвениот крст на РМ дополнително ќе информира за евентуалната потреба од вклученост на граѓаните за обезбедување конкретна материјална помош.
Од Црвениот крст упатуваат благодарност до граѓаните за интересот и подготвеноста да се вклучат во ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Потенцираат дека согласно сопствените капацитети тие веднаш се вклучиле во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им била дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење.
Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата.
Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите.
Со еден повик донирате 100 денари за настраданото население од поплавите во Македонија, а броевите се:
Т-МОБИЛЕ: 070 – 143 – 400
ОНЕ: 075 – 143 – 400
ВИП: 077 – 143 – 400Согласно направената проценка, информираат од Црвениот крст во моментот, има потреба од помош во вода за пиење и средства за хигиена (средства за д