Да се укинат даночните оази или да се промени економската парадигма, прашање е сега?

На списокот од три  хрватски фирми кои криеле пари на Панама се наоѓа и  една од водечките хрватски корпорации со опашка во процесот на приватизација, а на листата на три лица кои криеле пари на Панама се наоѓа личност  која е вмешана во хрватската политика. Така гласи, за сега непотврдената информација од круговите блиски на хрватската политика.Панама е една од државите која има ниска даночна стапка, но и закони  со кои овозможува криење на сопствеништво на пари кои се наоѓаат  во  нивните банки. Поради тоа, многу претприемачи ширум светот акумулираат капитал во таквите оази за подоцна да  можат да го вратат  во фирмата и  така да создадат  нова вредност.
Спротивна е логиката на политичките елити кои  криејќи се зад  солидарноста и монополистичките социјални функции, освен за даночни пари, во вид на монети, репресивен апарат, судството, здравство, образование или пак социјала, создаваат и долгови за даночни обрвзници.
Имено, логиката за задолжување поради движењето на економските активности користи висока фискална пресија не само за да собере пари за социјален напредок и солидарност, туку  поради крпење на долговите кои настанале со таквата работа. Доказ за тоа е се поголемиот глобален јавен долг, но и високата даночна стапка во повеќето западни земји.
Проблемот настранува, што е случај со оваа афера, кога даночните оази, наместо за заштита на профилот и акомулацијата на капитал, ќе почнат да се користат за злоупотреба. Не само што се даночните оази погодни за организиран криминал, туку  се погодни и за криење пари  кои јавните службеници  ги добиваат со коруптивните сојузи кои имаат  за цел суспендирање на чесните пазарни  натпревари.
И во случај на економска логика и во случај на коруптивни злоупотреби, доминантната економска парадигма и  сеприсутноста на социјалните естаблишменти во деловните процеси скоро се исклучителен пример, а не решение на проблемите бидејќи без идеја за задолженија ни  би  имало ниту астрономски даноци, а со  тоа ниту бегање во оазите, како  што  без идеја на сеприсутноста во одлучување не би имало ниту корупција.
Се додека парите не станат мерило на создавањето нови вредности, наместо алиби за создавање долгови, капиталот ќе заминува на места каде полесно  ќе се акумулира поради враќање во  економски процес, создавање нови вредности, а последично и  намалување на сиромаштијата.Панама е една од државите која има ниска даночна стапка, но и закони  со кои овозможува криење на сопствеништво на пари кои се наоѓаат  в

Пронајдете не на следниве мрежи: