Пробајте го ова…Нема да зажалите!Состојки:
4 поголеми компири
8-10 шампињони, покрупно сечени
1 помал виолетов кромид или обичен
100 гр ситно исечкана сланина
2 – 3 чешниња лук
½ лажичка свеж тимијан или ¼ лажичка сув
по вкус бибер и вегета
100 мл бело вино
Бешамел сос
100 грама рендан чедар кашкавал (или некој друг)
3 лажици несолен путер
по желба бибер и вегета
500 мл млеко
3 лажици брашно
Начин на подготовка:
Сланината исечкајте ја на поситни парчиња па ставете ја во тавче и пржете ја само додека не почне да се зацрвенува, немојте да додавате дополнително масло.
Во пропржената сланина додадете ситно исечканиот кромид, шампињоните и испасираниот лук, пржете на средна температура, почесто мешајте, ако ви е потребна течност, додадете по малку бело вино.
На крајот додадете го остатокот од белото вино, добро изгребете го дното на тавчето за да ги соберете сите оние фини состојки кои ви се залепиле за време на пржењето, додадете го свежиот тамијан, свежо мелениот бибер и вегета и се добро промешајте.
Оставете на страна.
Во друго тавче стопете го путерот и загрејте го па додадете 3 лажици брашно и пржете со брашното мешајќи со жица за матење, треба да добиете светло румена боја на брашното.
Во запрженото брашно додадете го млекото и непрестанато мешајте со жицата, варете додека сосот не ви се згусне. Додадете го изренданото сирење/кашкавал.
Се добро измешајте за кашкавалот да ви се соедини и стопи во бешамелот, додадете свежо мелен бибер и малку вегета.
Во бешамелот додадете ја смесата од печурки, се добро промешајте да се соедини.
Во таа смеса додадете го компирот кој претходно добро ќе го измиете и исечете на ситни крукчиња по 7-8 мм.
Компирот добро измешајте го со сосот. за секој компир да биде извалкан со сос.
Ставете во сад во кој ќе печете, и не морате да додадете дополнителна маснотија, не е потребно.
Тавата затворете ја со фолија секаде наоколу па печете во претходно загреана рерна на 200 С околу 40-50 минути, потоа извадете ја фолијата па печете уште 10 до 15 минути додека не добиете златно жолта боја.
Послужете со некое печено месо или само со салата. Состојки:
4 поголеми компири
8-10 шампињони, покрупно сечени
1 помал виолетов кромид или обичен
10