„Да живеат студентски прашања“

Гарантирам, ве фати нервоза со самото читање на насловот. Се ежите на самата помисла на тој, таканаречен отсек за студентски прашања. Место каде можете да поставите 101 прашање и да не добиете ниту еден одговор. Каде добивате индекс по лицето, шамар по културата и лакт во слабината.
Да прецизирам, зборувам за слабо-проветрените простории полни нервозни женички и типчиња, желни за растурање, кинење и фрлање документи. Просторииве, иако трпат разлики од една до друга, од државен на приватен факултет, генерално се сведуваат на истото, а студентите остануваат доживотно со едните исти трауми.  
Штом се ближат деновите за пријавување на испити, кои морам да напоменам секогаш се вкупно 2 за сите три или четири години, веднаш почнуваш да размислуваш кого да насамариш и да му го тупнеш индексот за да ја завршиш работата по брза постапка. Ова се случува односно почнува да ти станува навика најчесто во втора година, кога веќе си поминал низ брутални маки за да си ги пријавиш испитите во прва година. Откако си согледал дека војната, буквално, војната од 200 души во просторија од 30 квадрати е недобитна, плаќаш кафе за храбриот херој кој се осмелил на таков подвиг.

Тие малку посреќните, од почетокот на студирање си фатиле врски кај некој од референтите или некој од студентскиот одбор, па слободно дишат тие 2 дена и фаќаат сеир од бифето кога некој на раце го изнесуваат од студентски прашања, од причина на ефекти на стампедо, топлотен удар и вулгарно однесување. Спас и решение никој не побарал, дури ни кога преплаќал за повеќе од 10 пријави кои „некако“ се загубиле низ документите.
Само, мислам дека отсеците како студентски прашања постојат на факултетите единствено поради челичење на нас младите. Тие се одлични за да не подготват за понатамошниот кутар ни живот преполн со бркање административни работи. И, колку и да звучат лошо студентски прашања, не и се ни до колена на нашава администрација, која е слика на непокорен терорист кој е секогаш во право, а ние само недочуени шалтерски статуетки.Гарантирам, ве фати нервоза со самото читање на насловот. Се ежите на самата помисла на тој, таканаречен отсек за студ

Пронајдете не на следниве мрежи: