Програмер сведочел под заклетва дека кодирал компјутери за да помогне при местење на избори.„Гласачите не одлучуваат за изборите, туку оние коишто ги пребројуваат гласовите“ – Јосиф Сталин.
Во американската историја неброен број пати се случувало некој да тврди дека изборите се наместени. Меѓутоа, овие тврдења не се неосновани и постојат докази кои допираат дури и до врховниот суд. Ал Гор и Џорџ В. Буш тоа најдобро го знаат.
Доколку мислите дека владејачката класа ќе им дозволи на гласачите да одлучат кој ќе победи на избори, гадно се лажете. Секој кандидат којшто го нарушува статсуот кво станува мета.
Ова е една од најлошите години кога станува збор за местење на избори, а постојат и докази во вид на снимки.
Минатиот месец, Хилари Клинтон победи во рамки на Демократската партија на долго очекуваниот состанок со членовите на партијата во Ајова. Веднаш по „победата“, Хилари се пофали со лажната победа на Си-Ен-Ен.
„Одушевена сум“ – изјавила Клинтон и додала: „Минатиот пат ја немав таа среќа. Драго ми е што победив и што сега го имам и тоа искуство.“
Меѓутоа, измамата била толку проѕирна, што била фатена на снимка. Нејзината победа немала никаква врска со среќата.
Кога не можат да се наместат физичките гласови бидејќи се гласа со помош на компјутери, во игра влегуваат хакерите.
Во документарниот филм „Хакирање на демократијата“ (Hacking democracy) од 2006 година, откриено е како гласовите се наместени на машините за електронско гласање.
Клинтон Јуџин Куртис или како што го нарекуваат „Клинт“, е американски адвокат, програмер и поранешен работник во „ЕксонМобил“ на НАСА, којшто го разоткри хакирањето на изборните резултати.
Познат е по тоа што го обвини поранешниот работодавач и републикански конгресмен Том Фини дека во 2000 година му побарал помош во шемата да украде гласови со вметнување на хакерски код во системите за гласање.
Постои снимка на која Куртис под заклетва сведочи за тоа пред челновите на судот во Охајо.
Тој изјавил тогаш дека конгресменот Том Фини во 2000 година го најмил да направи прототип на софтвер со кој ќе може да ги намести изборите.„Гласачите не одлучуваат за изборите, туку оние коишто ги пребројуваат гласовите“ – Јосиф Сталин.
Во американската истори