Даглас негира дека добил рак од орален секс

Неодамна во интервју за британскиот магазин „The Guardian“ актерот Мајкл Даглас изјави дека ракот на грло го добил бидејќи орално задоволувал жена која била заразена со HPV, но сега се обиде да демантира. На ваквите гласини реагираше и неговата поранешна сопруга Диандра Даглас.
„Во неодамнешното интервју, Даглас зборувал за причините поради кои настанал ракот, а како една од нив го издвоил оралниот секс, а тоа се знае веќе некое време“, изјавил неговиот портпарол Ален Бури, со оправдување дека Даглас не рекол дека неговиот рак е само поради орален секс.
Директорот на здраственото здружение „Terrence Higgins Trust“, докторот Мајкл Бреди,  изјавил дека е тешко да се одреди само една причина. Заклучил дека актерот бил пушач и пиел алкохол што се два фактори кои најчесто се заслужни за ракот на грло.
Тој уште додал дека -„Постојат низа причинители, како што се генетиката, околината и вирусите, кои е можно да имаат улога“.
Поранешната жена на Мајкл, Диандра Даглас, изјавила за TMZ дека нема HPV ниту пак некогаш имала.
За среќа актерот во 2011 година се излечи од рак на грлото кој му беше дијагностициран во 2010 година.Неодамна во интервју за британскиот магазин „The Guardian“ актерот Мајкл Даглас изјави дека ракот на грло

Пронајдете не на следниве мрежи: