На овогодинешното собирање на Американското друштво на физичари, Џон Бранденбург ќе ја претстави својата теорија дека нуклеарен напад на друга вонземјанска раса „ја избриша“ древната цивилизација на Марс.Во рамките на својата бизарна теорија, Џон тврди и дека старите Марсовци, познати како Цидонијанси и Утопијанси, биле масакрирани во нападот и дека доказите од геноцидот се видливи и денес.
Неговото последно истражување се фокусира на високата концентрација на Ксенон-129 во атмосферата на Марс, како и присуството на уран и ториум на неговата површина, што беше забележано од страна на леталото „Одисеј“ на НАСА.
Научниците претходно истакнаа дека појавата на овие елементи не е изненадувачка, бидејќи тие се природни и се наоѓаат насекаде. Но, Бранденбург е одлучен во своето тврдење дека станува збор за остатоци од две нуклеарни експлозии на површината на Марс.
Тој вели дека неговата теорија би можела да го објасни и Фермиевиот парадокс, пред сѐ фактот зошто сѐ уште никој не стапил во контакт со нас ако вселената изобилува со живот. Тој предупредува дека луѓето мора да бидат во страв од евентуален напад врз Земјата, како и дека треба да се подготви човечка мисија која на Марс би проверила што би можело да се очекува, односно да се прошири знаењето за тоа што се случило на таа планета.
Експертот за НЛО, Најџел Вотсон, тврди дека Брандербург не е првиот физичар кој сугерира на тоа дека Марс го „убиле“ две нуклеарни екплозии.
– Овие приказни и многуте нивни верзии претставуваат мислење дека нашиот Сончев систем беше место за неколку нуклеарни битки помеѓу вонземјаните и домаќините – рече тој и додаде дека Брандебург изнесува мислења кои се базираат на денешната свест за моќта на нуклеарното оружје и нашиот страв од неговата злоупотреба.Во рамките на својата бизарна теорија, Џон тврди и дека старите Марсовци, познати како Цидонијанси и Утопијанси, биле масакрирани