Калифорниска фирма за организација на прослава за венчање нуди необична услуга, препродава на пола цена комплетно организирана церемонија за венчање, од која се откажале несудените малденци.
-Ние откупуваме комплетно организирана церемонија за венчавка и ја препродаваме на клиентите кои се заинтересирани за тој целосен пакет, по поволна цена – објаснува сопственичката на фирмата “Bridal Brokerage” Лорен Брин.
Идејата за вакиот начин на работа, дошла од сознанието дека во САД секоја година просечно се откажуваат 250.000 венчавки.Препродавањето на откажани прослави им овозможува на семејствата да го намалат финансискиот губиток, после таквите непријатни случувања, а од друга страна им овозможува на другите клиенти да дојдат до таков аранжман по цена пониска од 50 посто пониска од оригиналната. Брин вели дека оваа работа започнала во јуни 2012 година, а веќе во септември истата добила бројка од 60 клиенти, а денес има 3.500.
Што мислите, дали би граделе среќа на туѓа несреќа ?!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Калифорниска фирма за организација на прослава за венчање нуди необична услуга, препродава на пола цена комплетно орга