Дали две особи можат да сонуваат идентичен сон?

Ако двајца луѓе можат да делат ист сон, дали тоа значи дека соништата ги надминуваат индивидуалните мисли на секој поединец?Истражувањата на тема соништа се присутни во светот на психологијата веќе долго време, а во последно време најмногу внимание привлекува пронаоѓањето на одговори на прашањето дали е можно (и на кој начин) две или повеќе особи, кои немаат ништо заедничко, да сонуваат идентични сонови.
Многу истражувања се објавени на тема заеднички сонови, и во нив е дојдено до откритието дека кај луѓето кои се цврсто емотивно поврзани (родител-дете, сопружници или близнаци) често се јавува сонување на идентични соништа.
Освен тоа, многу психолози и психотерапевти често делат ист сон со своите пациенти, што и самите го потврдиле, а причината за сонување на идентични приказни кај апсолутни странци се многубројните искуства и анегдоти меѓу кои веројатно на сите им е позната ситуацијата во која се разминуваме со некој на улица и помислуваме од каде го знаеме.
За сега, овие тврдења се уште се базираат на гореспоменатите анегдоти, и науката се уште нема цврсто аргументирана причина за оваа појава, а тоа уште повеќе се засилува со фактот дека истиот сон кај двајца луѓе често се разликува во деталите. Сепак, психолозите велат дека не смеат да се занемарат приказните и искуствата за сонување на ист сон, штом се во толкав број.
Разликите во деталите најчесто се последица на разликата во нивото на интелигенцијата, расположението, меморијата и други фактори. Од друга страна, се случило да се појави идентичен сон кај луѓе кои не доживеале исто искуство на јаве.
Што значи ова за науката која се бави со соништата? Ако две „глави“ во еден момент биле во идентична ситуација, нивните мозоци произвеле ист сон. Но, вакво пластично објаснување не може да ја опише комплексната работа на човечкиот мозок, ниту да го задоволи мислењето на експертите. Затоа, за сега, причината за оваа појава се уште е мистерија, но едно е сигурно: Од која и да е причина, оваа појава дефинитивно постои.Истражувањата на тема соништа се присутни во светот на психологијата веќе долго време, а во последно време најмногу внимание привлекува пронаоѓањет

Пронајдете не на следниве мрежи: