Пред дваесет години сигурно никој од нас не помислувал дека ќе може да конзумира храна која настанува технички во лабараторија, а не во природата.
Семињата со вештачко потекло толку се проширени во светот, што веќе никој не може да биде сигурен дека храната која ја купува е целосно природна, бидејќи контролите се слаби.
Според одредени анализи во светот повеќе од 200 милиони хектари обработливо земјиште се користи за одгледување на генетски модифицирани организми (ГМО). Најпопуларна ГМО житарка е сојата, потоа следи пченката, памукот и маслодајната репка.
Но се почесто се споменуваат и папајата, компирот, оризот, доматите, тиквичките итн.
Иднината на нашата исхрана со житарки, овошје, па и месо од ден во ден се повеќе има ГМО карактеристики. Се поставува прашањето кои се предностите во однос на недостатоците.
Супер јајца од кокошка
Според зборовите на Јаков Јаклин и Ричард Мајлс од Институтот за земјоделски науки и храна во Британија, започна да се користи нов вид биотехнологија за создавање генетски модифицирани кокошки кои создаваат специфична состојка која пак, може да се извлече од нивните јајца и да се искористи во борбата против дијабетисот, вирусите и парадентзата (опаѓање на забите). Според „BBC“ британските научници ја имаат заслугата во создавањето на кокошките кои произведуваат протеин потребен во борбата против ракот.
Јаболка кои не потемнуваат
Како што пишува „Food Safety News”, биотехнолошката компанија „Okangan Specialty Fruits“ од Британска Колумбија, поднела барање до американските меродавни служби за одобрување на користење ГМО јаболка кои воопшто не потемнуваат откако ќе се исечат. Тие не потемнуваат бидејќи е намален генот кој го произведува ензимот полифенол-оксидаз од кој јаболкото потемнува. Сепак, јаболката по одредено време потемнуваат, но не толку брзо како вообичаено.
Лосос кој брзо расте
Можно е ова да е првото животно чија форма на ГМО ќе биде одобрена за исхрана на човекот од американската Агенција за храна и лекови (FDA). Генетски модифицираните лососи на Атлантикот имаат две надворешни ДНК секвенци во нивните геноми. Едниот го содржи хормон на раст од посебниот вид на лосос – Чинок, а другиот пак своето потекло го влече од посебен вид риби слични на јагулата од северноатланските подрачја и содржи т.н. антифризен ген.
Благодарение на овој ген производството и размножувањето на хормонот на раст е големо и во текот на зимските и ладни денови, што во принцип не е возможно.
ГМО лососот нема да биде поголем од неговата вообичаена природна големина, но максималната природна големина ќе ја достигне за време на 16 до 18 месеци ( инаку за максималниот раст потребни им се 3 години).
Хиперпродуктивни семиња
Захари Липман со својот тим на експерти во лабараторијата „Cold Spring Harbor“, создадоа хиперпродуктивно семе на домати со менување на генот кој диктира колку и кога треба да се формираат цветовите, пишува „New York Times“. Истото планираат да го направат и со сојата и дињата.
Еко- Свињи
Свињите произведуваат околу три пати повеќе измет за разлика од луѓето. Токму заради оваа причина во Канада развиена е генетски модифицираната сорта на свињи позната како „еко свињи -enviropigs“ (кратенка од англискиот збор „environmentаl” и „pigs” во превод „еколошки“ и свињи“). Се работи за свињи чиј измет има и до 64 проценти помалку фосфор.
Кога фосфорот од изметот стигнува до водите, како реки, потоци, езера и сл, го поттикнува растот на алгите во голема мера. Како резултат на тоа тие трошат големо количество на кислород и на тој начин го убиваат остатокот од живиот свет.
Новата студија на руските научници покажува дека консумирањето на генетски модифицирана храна, предизвикува стерилитет и до трета генерација.
Превземено од. stopgmo.mkСемињата со вештачко потекло толку се проширени во светот, што веќе никој не може да биде сигурен дека храната која ја купува е целосно природна, б