Телевизија НОВА вчера отвори нов скандал според кој Космос не била единствената дивоградба на Фиат Цановски. Се отвора прашањето дали бизнисменот ќе одговара за ова.Според документите презентирани во јавноста, Цановски надвор од законот градел и делови од универзитетот ФОН кој исто така е во негова сопственост.
-Законите во оваа држава важат за сите граѓани освен за Зоран Заев и неговите соработници, сметаат политичките аналитичари. Ваквиот заклучок се наметнува по едноставната анализа на најавите кои доаѓаат преку медиумите дека Катица Јанева ќе отвора предмет поврзан со уривањето на Космос, пренесува ТВ НОВА.
Единствената логика во ваквата постапка е дека ниту еден граѓанин не смее да гради надвор од законот, бидејќи нему ќе му биде урнат објектот, но ова правило не важи и за Фиат Цановски. Тој заради блискоста со Зоран Заев, не само што може да гради на диво, туку и секој обид на државата да го санкционира неговото незаконско работење може да заврши со постапка против институциите од страна на Катица Јанева.
Фиат Цановски во петокот го промовираше студентскиот дом во рамки на Универзитетот Фон, но како што дознаваме не е се законски исправно ниту со овие простории. Според признанието на самиот Фиат Цановски целиот објект сеуште нема имотен лист, односно допрвин треба да биде впишан во катастарот.
– Имаме сега доукнижување за другите спратови горе, но овој дел каде што е сместен сега има имотни листови. Тоа е формалност да се добијат, ние секако сега не го користиме целиот дом, домот ќе се користи од септември. Тие два ката каде што е сега комплетирано имаат имотни листови, а другите катови ќе си добијат укнижување, по што било правно, а сега само правиме укнижување, вели Цановски за ТВ НОВА.
Според неофицијалните информации објектот кој што го промовираше Фиат Цановски воопшто нема намена како студентски дом во одобрението и целиот елаборат кој што е доставен од страна на геодетската фирма имал големи неправилности и отстапувања од реалната состојба.
Дека не е прв пат Цановски да не ги почитува законите за градење, потврдија и градоначалникот на Општина Гази Баба и поранешниот министер за транспорт и врски кои детално ги образложија сите пропусти при градењето на Космос, како и одбивањето на Цановски да постапи согласно насоките на институциите.
-Космос согласно законот за градење започна да се гради со одобрение за градба, но за жал во текот на градбата инспекторката кога отиде на лице место констатира дека објектот се гради спротивно на одобрениот проект, спротивно на архитектонско-урбанистичкиот проект и спротивно на деталниот урбанистички план, односно дека е дивоградба. Затоа и понатаму се пристапи кон соодветно постапување согласно законот на отстранување на објектот, посочи Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба.
-Со кажувањето дека многу малку имало отстапување дека објектот се рушел политички не е точно, туку сите правни аспекти во случајот Космос е согласно Законот за градење и сите судски инстанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи, истакна Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски.
Објектот на универзитетот ФОН во Скопје е пуштен во употреба во 2003-та година, но според информациите од општина Гази Баба, сопствениците се уште немаат целосна документација.
Погледнете го прилогот на ТВ Нова во продолжение
Според документите презентирани во јавноста, Цановски надвор од законот градел и делови од универзитетот ФОН кој исто така е во негова сопственост.