Дали и Фифи ќе го видиме во порно видео?

Македонски пејач Фифи покрај тоа што сака да се појавува пред тв екраните, изгледа имал мерак да се снима и додека води љубов со своите љубовници. Па токму поради тоа деновиве е многу загрижен поради тоа што го изгубил мобилниот телефон, а во него биле и експлицитните видео материјали. Но, никој се уште не потврдува дали на овие снимки Фифи има партнер или партнерка.
Контроверзниот пејач наместо да ужива во снимањето и промовирањето на новите песни, мака мачи со пронаоѓање на телефонот, а сигурно е и на штрек, затоа што во секој момент може еротските видеа да излезат во јавност. Како понатаму ќе се одвива сценариото останува да видиме.
Дали можеби Фифи ќе понуди пожешко видео и од  Северина, или пак ќе откриеме со кого води љубов, останува да причекаме. А може да се случи и најдоброто за него, пронаоѓачот на неговиот мобилен, да биде чесен граѓанин на нашата држава, па љубезно да му го врати назад, заедно со снимките кои „злато“ вредат.
Извор: natapetМакедонски пејач Фифи покрај тоа што сака да се појавува пред тв екраните, изгледа имал мерак да се снима и додека вод

Пронајдете не на следниве мрежи: