Контроверзното парче папирус на кое пишува дека Исус бил женет дтира од периодот помеѓу четвртиот и осмиот век, а се верува дека е напишано во вториот век.Ватикан уште во 2012 го отфрли папирусот како лажен и нелегитимен, но научниците потврдуваат дека парчето е автентично. На папирусот пишува „И им рече Исус, мојатажена… и таа ќе ми биде ученичка…“. Папирусот беше презентиран на јавноста пред 18 месеци од страна на Карен Кинг, професорка од Харвард.
Некои стручни лица велат дека доколку документот е автентичен, и Исус навистина не живеел во целибат, тоа ќе го побие фундаменталното учење на црквата. На папирусот е пишувано со мастило кое го користеле старите египќани. Сепак, парчето датира многу подоцна од евангелијата кои се најпрецизен извор на информации за животот на Исус.
Професорката Кинг верува дека документот е копија на друго писание од порано, кое било напишано на грчки, што е доказ дека во тоа време христијанството се ширело низ медитеранот.
Карен сепак ги смирува страстите на верниците погодени од оваа вест, велејќи дека овој документ не докажува во потполност дали Исус навистина бил женет или не, но посочува дека уште во тоа време се дискутирало околу прашањето за неговата брачна состојба.Ватикан уште во 2012 го отфрли папирусот како лажен и нелегитимен, но научниците потврдуваат дека парчето е автентично. На папирусот пишува „