Дали ќе се води истрага против полицијата во Турција?

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, денес изјави дека Турција треба  да спроведе истрага за да открие дали полицијата употребила прекумерна сила при задушување на антивладините протести кои од Истанбул се проширија низ целата земја. 
„Мирните протести претставуваат легитимен начин на кој група луѓе можат да ги изразат своите ставови во едно демократско општество. Прекумерната употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите нема место во една демократија“, нагласи Филе во обраќање за време на конференција на која присуствуваше и турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.
Филе изрази задоволство што турската Влада го призна тоа, нагласувајќи дека сега е важно да се спроведе итна и транспарентна истрга и виновниците да сносат одговорност.
 
Еврокомесаркот за проширување Штефан Филе, кој учествува на дводневна конференција во Истанбул се сретнал со претставници на турски граѓански организации, вклучително и со демонстрантите, пренесува ДПА. 
 Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, денес изјави дека Турција треба  да спроведе истрага за да открие дали

Пронајдете не на следниве мрежи: