Дали кофеинот може да ве убие?

Кофеинот кој најмногу го конзумираме преку кафето, сепак има негативни страни. Според последните истражувања кофеинот сепак може да влијае негативно по здравјето на луѓето и сепак да доведе до смрт.
Случајот со четиринаесетгодишната Анаис Фурниер, која починала минатата година откако испила две лименки енергетски пијалок, предизвика паника кај љубителите на кофеинските напитоци, меѓу кои е и кафето како секојдневен напиток на луѓето.
Во извештајот од патологијата  на починатата Анаис Фурниер стои дека труењето со кофеин довело до нејзина смрт. А испила количина кофеин која е еднаква на четири филџани кафе. Но, причина за паника нема. За среќа таа количина кофеин за повеќето би била потполно безопасна. Меѓутоа, која доза би можела да го загрози животот на многумина?

 
Уредникот на „Journal of Caffeine Research“ тврди дека возрасна личност може да се предозира со 10 грама кофеин. Меѓутоа, статијата од 2005. година од научниот магазин „Forensic Science International“ пишува дека смртоносната доза може да биде и пет грама кофеин.
Иако се тврди дека предозирањето со кофеин е многу ретко, веќе со години низа на смртни случаи ширум светот се поврзува токму со кофеинот.  Проблемот е во тоа што кофеинот во многуте случаи бил кобен во комбинација со алкохол и срцеви проблеми.
Една работа е јасна: внесувањето на кофеин кој бил кобен за девојката од почетокот на приказната е потполно безопасен. Сепак, добро е да се има во предвид и дека постојат луѓе кои се чувствителни на кофеин, како и дека кофеинот не е единствената состојка во енергетските пијалоци, затоа е добро да се внимава и да се има мерка.Според последните истражувања кофеинот сепак може да влијае негативно по здравјето на луѓето и сепак да доведе до смрт.
Случајот со четирин

Пронајдете не на следниве мрежи: