Дали македонското тутунопроизводство е во опасност од намалување

Во Македонија континуирано се спроведуваат кампањи за намалување на пушењето и за заштита од ефектите од пушење а истовремено Владата носи мерки за стимулирање на тутунопроизводството. Од друга страна, Македонија е потписник на рамковната конвенција според која треба да се бара алтернатива во производство на други култури за сметка на тутунот и многу земји тоа го толкуваат како условување за намалување на посевите со тутун.Каде е балансот во ваквата ситуација и дали навистина македонското тутунско стопанство е можно да трпи последици, во заштита на правата на сите засегнати страни.
Според професорот Арсов од Факултетот за земјоделство и храна, еден од познавачите на домашните состојби и меѓународните регулативи за тутунот и тутунската индустрија, нема поврзаност меѓу производството на тутун и процентот на пушачи.
„Според мене нема поврзаност меѓу производството на тутун и процентот на пушење на популацијата, тоа се две различни работи, затоа што има земји во светот каде што нема производство на тутун а сепак висок процент на пушачи. Значи станува збор за некои работи како ќе се одвиваат на поширок меѓународен план, односно дали ќе има побарувачка од меѓународниот пазар кон нас и тој фактор повеќе ќе претежне“, рече професорот Арсов во Отвореното студио на ТВ Нова.
Во однос на рамковната конвенција, нашата земја многу рано ги имплементираше мерките, како што се означување на тутунските производи, забрана за пушење на јавно место. Тие кај нас се одамна ставени во разни закони, Законот за тутун и Законот за заштита од пушење .
„Меѓународните односи на пазарот на тутун ќе имаат повеќе влијание отколку самата конвенција. Конвенцијата никаде конкретно не забранува да се одгледува тутун, таа е насочена кон тутунските преработки, само што во самата конвенција се мешаат поимите тутун и тутунски преработки и се означува само како тутун. Тоа прави забуна во нејзината имплементација и во сфаќањето на одредени членови“, појасни Арсов.
Арсов и Заменик министерот за земјоделие, Ванчо Костадиновски, вистинската закана за македонското тутунопроизводство ја лоцираат во проблемот со депопулација на селските подрачја и губење на младата работна сила. Министерството за земјоделство е во подготовка на мерки за стимулирање и субвенционирање за оние што сакаат да се вратат од град во село. Ваквите мерки се очекува да ги намалат негативните ефекти од депопулација на селските средини и проблемот со недостиг на млади лица кои сакаат да се занимаваат со земјоделие. Исто така, тоа ќе значи и зголемување на учеството на земјоделскиот сектор во бруто домашниот производ.Каде е балансот во ваквата ситуација и дали навистина македонското тутунско стопанство е можно да трпи последици, во заштита на правата н

Пронајдете не на следниве мрежи: