Набавката на скапите апарати не треба да паѓа на товар на родителите, оти не може секој од нив да си дозволи да издвои средства. За тоа треба да се погрижат директорите, општините и државата, бидејќи бесмислено е родител да плаќа кога образованието на неговото дете е бесплатно.Од влажни марамчиња, течни сапуни и чашки за акварел-боички до клима-уреди, фотокопири, завеси, телевизори, ДВД-апарати – сето ова изминатава недела, откако почна новата учебна година, се наоѓа на списоци што некои наставници од основни училишта им ги даваат на родителите, кои, пак, пожелно е да ги набават. Никој не ги обврзува и принудува, но стојат во ставката „потребни работи“. Оправдувањето за ваквите постапки е дека треба да се опреми училницата, за да се обезбеди поквалитетна и посовремена настава.
Ако во минатото родителите со наставниците зборуваа за тоа што и колку научило нивното дете, сега на родителските состаноци главна тема е како да се набават материјали и апарати за да се осовремени наставата.
Набавката на клима-уреди и телевизори не треба да паѓа на товар на родителите, оти не може секој од нив да си дозволи да донира пари за нешто скапо. За тоа треба да се погрижат директорите, општините и државата, бидејќи бесмислено е родител да плаќа кога образованието на неговото дете е бесплатно, пишува весникот.
Нова Македонија разговарале и со неколку директори – еве што велат тие
Раде Жегарац, директор на „Блаже Конески“, вели дека во ова училиште не смее да се бара од родителите да купуваат ништо друго освен работна тетратка по математика.
– Илузорно е од родители да се бара да набавуваат предмети што не чинат малку пари. Особено со оглед на тоа што не секој родител е способен финансиски да донира за нешто такво. Во „Лазо Ангеловски“, училиштето во кое бев претходно директор, имаше група родители што бараа да дозволам да набават клима-уреди. Тоа го дозволив и се согласив да плаќам повисоки сметки за струја, но набавката беше по иницијатива на родителите, а не на училиштето. Ние сме менаџери, сами треба да наоѓаме фирми што би донирале, а не тоа да биде на грбот на родителите – вели Жегарац.
Неговата колешка Билјана Индова, пак, од училиштето „Браќа Миладиновци“ не гледа ништо спорно во тоа ако родителот по сопствена иницијатива сака да купи нешто што ќе им биде од корист и на учениците и на училиштето…
Повеќе на Mkd-news.com
Од влажни марамчиња, течни сапуни и чашки за акварел-боички до клима-уреди, фотокопири, завеси, телевизори, ДВД-апарати – сето ова изминатава