Дали некогаш сте јаделе снег? – Прочитајте зошто НЕ ТРЕБА да се прави тоа!

„Снегулките можат да ја содржат било која материја што лебди во воздухот, па така и хемикалиите кои се наоѓаат во киселите дождови, бактерии, сулфати, нитрати, дури и олово од деловите од светот во кои сѐ уште се согорува оловно гориво“ – сметаат научниците.Експертите се согласни дека снегот не е добар за јадење и тоа од повеќе причини. Не само што се заканува опасност од воспаление на грлото и крајниците, како и развој на разни инфекции, туку и фактот дека и најчистиот снег на прв поглед содржи атмосферски нечистотии и хемикалии.
Доколку изедете малку снег, не значи дека веднаш ќе се разболите, но сигурно е и дека најмалото количество на снег содржи потенцијално штетни нечистотии од воздухот. Тоа значи дека не станува збор за отровен состав кој веднаш неповолно ќе дејствува на човечкиот организам, но е потенцијално опасен.
Френк Ваниа, хемичар од Универзитетот во Торонто, наведува дека атмосферата ефикасно ги пренесува нечистите материи. Така, индустриските загадувања кои што се исфрлуваат во атмосферата во Индија, на пример, можат да се детектираат во снегот во северна Канада и тоа само по пет дека, пишува Чикаго Трибјун.
Силке Вилмс, нутриционистка којашто работи за хамбургшко здравствено осигурително друштво, смета дека на децата нема да им наштети доколку изедат малку снег. Како што додава, снегот како облик на дестилирана вода може да ги сврзе минералите во телото, но тие брзо се надоместуваат со внесување на друга храна. Подеднакво, треба да се внимава децата да не изедат снег кој се наоѓа покрај улица, бидејќи е извалкан со кучешка урина или сол за фрлање по улиците.
Д-р Џеф Гефнеј, научник од Институтот Аргон Нешнел Лаборатори, во своите истражувања истакнува дека снегулките можат да ја содржат било која материја што лебди во воздухот, па така и хемикалиите кои се наоѓаат во киселите дождови, бактерии, сулфати, нитрати, дури и олово од деловите од светот во кои сѐ уште се согорува оловно гориво.
Според мислењето на научниците, малку снег нема да ви наштети, но снежните радости и тоа како можат да останат во добро сеќавање и без вкусување на снегот.Експертите се согласни дека снегот не е добар за јадење и тоа од повеќе причини. Не само што се заканува опасност од воспаление на грлото и крајниц

Пронајдете не на следниве мрежи: