Во 2009 година во Стокхолм на претседателот на САД, Барак Обама му беше доделена Нобелова награда за мир поради „напорот за меѓународна дипломатска соработка меѓу народите“. Но после случувањата во Сирија многумина сметаат дека наградата треба да му се одземе!
Во едно скорешно интервју со „Гласот на Русија“, претставникот на Нобеловата фондација, Аника Понтикис објасни дали е можно наградата да се одземе.
Како на еден добитник на Нобелова награда за мир, може да му се одземе истата, дали таквата процедура е предвидена со уставот?
– Во складот со уставот на Нобеловата фондација е невозможно да се одземе наградата, во уставот пишува дека не е дозволена жалба на присвојување на Нобеловата награда.
И не постои преседан?
– Не. Никогаш. Тоа не е можно.
На социјалните мрежи се пишува дека претседателот на комитетот за Нобелова награда за мир, Торбјорн Јагланд изјавил дека е време Обама да ја врати својата награда. Што би можело ова да значи?
– Јас не поседувам такви информации. Ако му е потребно на некој да дознае околу тоа, може да се обрати во норвешкиот Нобелов комитет кој доделува Нобелова награда за мир.
А, дали членовите на Нобеловиот комитет разговараат за тоа дека одлуката да се додели Нобелова награда на Обама е погрешна?
– Јас сум претставник на Нобелова фондација која се занимава само со економските проблеми на Нобеловите награди. Ние располагаме со пари и исполатуваме, а во друго не се мешаме.
Ако добитникот сака да ја врати наградата, дали е тоа можно?
– Да, имало случаи кога луѓето не сакаат да ја примат наградата и ја враќале. Тоа е навистина можно.Но после случувањата во Сирија многумина сметаат дека наградата треба да му се одземе!