Дали ова би бил новиот изглед iPhone?

Со приближувањето на годишната конвенција на Apple за развојни програмери (Worldwide Developers Conference (WWDC)) која од 10. до 14. јуни се одржува во Сан Франциско, интернетот е повторно преплавен со новите можности кои би требало таму да бидат претставени.
Блогерите од бројни страници кои го следат развојот на технологијата даваат знак дека веројатно сеуште не е време да го видиме новиот iPhone 5S, но од Mashable напомнуваат дека Apple мора да направи нешто „вистински спектакуларно“ со новиот модел со цел да се задржи во чекор со Samsung Galaxy S4 и HTC One.
Најновите нагодувања во врска со новостите за споменатите паметни телефони, се поврзуваат со вграден скенер за отпечаток од прст, а своето видување за новиот дизајн и илустрација го пренел Federico Ciccarese, концептуален уметник. Тој скенерот го сместил под копчето „home“ со што телефонот добива заоблен изглед, како што се и шушкањата околу новиот изглед.
Со приближувањето на годишната конвенција на Apple за развојни програмери (Worldwide Developers Conference (WWDC)) која од 10. до 14. јуни се одржу

Пронајдете не на следниве мрежи: