Веруваме дека на сите им е интересна верзијата дека 28-годишен маж го урнал авионот и ги убил патниците поради некаква кавга. Ова е доволно интересна теорија со која сите лесно би можеле да ја заборават вистината и веќе да не се поставуваат никакви прашања за работата на авиокомпанијата „Луфтханза“.Во изминатите година дена се урнати два авиони, убиени се стотици луѓе и никој сѐ уште нема добиено конкретни информации за тоа што точно им се случило. Еден авион буквално исчезна од лицето на земјата и никогаш не е пронајден ниту еден дел од малезискиот авион, а службените информации биле – дека сите се мртви. Иако баш и немало конкретни докази за тоа.
Следниот авион, кој исто така е од малезиска компанија, беше урнат над Украина и јавноста никогаш не доби конкретни информации како всушност дојде до неговиот пад (само чисти шпекулации и обвинувања).
Во француските Алпи повторно се урна авион, а убиени се 150 луѓе, меѓу кои има и деца. Но, овој случај експресно е завршен. Службените информации велат: Монструмот е 28-годишен маж, копилот и син на образовани луѓе кој никогаш немал никаква дамка во животот. Но, сега тој е мртов и не може да се одбрани.
Колку точно психо-тестови и истражувања треба да поминат пилотите за да запишат школа за пилоти, а потоа да летаат? Дали постои толку лабилен човек кој поради обична караница е подготвен да убие 150 луѓе?
Истражувачкиот новинар Удо Улфкот, кој на јавноста ѝ е познат откако по долгогодишната работа во германските медиуми за „Раша Тудеј“ излезе со информации дека светските медиуми и ЦИА манипулираат со вестите – се чини дека вистината добива и друга страна. Имено, тој откри нешто што досега е непознато, а сепак пресудно.
Некои основни работи, како онаа зошто ИСЧЕЗНА мемориската картичка од едната црна кутија, останува сосема нејасно. Со тоа не може да се демантираат сите службени информации кои се пренесени дека Андрес Лубиц тргнал во самоубиствена мисија.
Удо Улфкот за kopp.online ги истражил следниве интересни информации, кои говорат дека овие несреќни луѓе не ги убил Лубиц, туку авиокомпанијата која се обидува да го прикрие злосторството. Тој го запишал следново:
Дали навистина чувствувате дека сте целосно информаирани во врска со урнатиот германски авион na „Џерманвингс“? Не? Ако е тоа така, тогаш и вие сте исти како и останатите граѓани на светот. Бидејќи постојат отворени прашања кои воопшто не се спомнуваат за компанијата „Џерманвингс“ на „Луфтханза“, многу луѓе се збунети и си го поставуваат прашањето дали нешто се крие од нив?
Прво прашање: Зошто вистината за црната кутија која наводно содржи битни информации за тропањето на еден пилот на вратата од кабината, не излезе од германските, француските или шпанските медиуми – туку од американските? Каква врска имаат нивните истражувачи со случајот?
Зошто германските медиуми препишуваат од „Њујорк Тајмс“? Зошто се однесуваат како марионети, а не како истражувачи, бидејќи станува збор за германска компанија? Зошто Американците веќе знаеле за она што се наоѓа во службената евиденција?
Второ прашање: Зошто ниту еден германски новинар на прес конференцијата не постави прашање за сигурносните проблеми со невротоксини во врска со контаминираниот воздух во кабината (TCP/Aerotoxic syndrome) од авионот на оваа авиокомпанија? Зошто се премолчува дека тој токсин уште од порано е познат како сигурносен проблем на „Џерманвингс“?
Имено, пред само неколку недели, во јануари годинава во авионот на „Џерманвингс“ на летот од Лисабон кон Келн, во кокпитот се појавила отровна пареа. Оваа информација се појави на „Шпигел“ само неколку часа по несреќата, но другите како да се обидувале да ја заташкаат. Зошто медиумите премолчуваат такви битни информации? Дури и во февруари годинава, еден од авионите на оваа компанија присилно морал да слета во Лион поради истиот проблем.
Известувањето за овој пропуст траело сѐ до март 2015 година. Зошто тогаш медиумите лажат дека не знаат ништо? Изгледа дека авиокомпанијата е во страв, бидејќи проблемите со невротоксините се огромни.
На пример, официјалните информации за „Џерманвингс“ на 16 февруари биле следните:
1. Во воздхухот во кабината се пронајдени оргоно-фосфати, позната невротоксична хемикалија која се употребува како пламен и пластификатор на моторното масло.
2. Патниците во авионот се изложени на таа хемикалија, што може да предизвика несвестица и уништување на здравјето.
3. Последиците од влијанието на овој невротоксин врз пилотите, може да предизвика смрт на патниците.
4. Досега не е направен ниту еден сензор кој би можел да го мери нивото на тие невротоксини во воздухот во кокпитот, па невозможно и пилотите да се предупредат за потенцијалната опасност.
Медиумите ја премолчиле информацијата дека поради невротксини во кокпитите од авионите имало дури 201 инцидент за само една година – и тоа секогаш во авионите на „Џерманвингс“.
Субјективно, според ова истражување може да се заклучи дека луѓето намерно се наведуваат да веруваат во претходно добро осмислени и пласирани приказни. Кога-тогаш, некој ќе мора да одговори зошто се кријат овие информации.
Се чини дека токсичните хемикалии во авионите на „Џерманвингс“ би можеле да предизвикаат несвестица на копилотот да го објасанат уривањето на авионот во француските Алпи.
Можеби веќе пласираните информации се доволно интересни за да се оттргне вниманието од вистинските случувања и прашањата за авиокомпанијата „Луфтханза“ и нејзиниот голем пропуст никогаш да не бидат поставени.Во изминатите година дена се урнати два авиони, убиени се стотици луѓе и никој сѐ уште нема добиено конкретни информации за тоа што точно им се слу