Дали Саудиска Арабија ќе го претвори Косово во Моленбек на Балканот?

Саудиска Арабија сака самопрогласената држава Косово да ја претвори во Моленбек на Балканот, пишува францускиот весник Пуан.Косово е опишано како мала држава која настана по распадот на Југославија и како земја во која Саудиска Арабија праќа многу пари, но и проповедници. Весникот наведува дека поради ова Косово се претворило во регрутен центар за џихадисти.
Авторот Мишел Коломес се повикал на податоците кои претходно биле објавени од New York Times, а во кои се анализира зошто на Блискиот Исток најмногу обучени џихадисти пристигнуваат од Косово. Според New York Times, парите на Саудиска Арабија помогналe за тоа населението, од кое поголем дел до почетокот на 2000-та година практикувале умерен ислам да преминат во вехабии.
Саудијците не штеделе на овој подвиг, па така повикале и десетина студенти да дојдат и да изучуваат ислам на универзитетите ширум Кралството. Освен изградбата на џамии, девојките мораат да носат хиџаб.
САД сега се повеќе се дистанцираат од Саудиска Арабија, која од крајот на Втората светска војна беше привилегиран партнер на Вашингтон во овој регион. Како друга причина за големото разочарување на САД е тоа што тие му помогнале на Косово да се осамостои во 2008-та година и го сметале за свој протекторат, земја со умерен ислам.Косово е опишано како мала држава која настана по распадот на Југославија и како земја во која Саудиска Арабија праќа многу пари, но и проповедници

Пронајдете не на следниве мрежи: