Речиси на сите опозициски портали се поставени банери на Студенткиот пленум преку кои се повикува на масовност за најавениот студентски марш кој треба да се одржи утре. Колку плаќа оваа неформална организација на студенти за ваквите реклами е прашањето кое се поставува, и уште поважно, од каде се финансиските средства?Плусинфо, Либертас и Мактел се само дел од порталите каде може да се забележи “повикот за солидарност“ на пленумот. Сите портали каде се рекламира таканаречената организација се директно контролирани од најголемата опозициска партија и финансирани од Соросовата фондација во земјава. Останува енигма колку овој Студентски пленум плаќа за ваквите реклами и од каде ги црпи парите со кои го подмирува тоа?
Медиумите изминатиов период пишуваа дека Младинскиот образовен форум (МОФ) е организација чии луѓе го сочинуваат Студенткиот пленум, кој пак беше профилиран како неформална иницијатива која застана зад организирањето на студентските протести. Во целата операција околу организирањето на протестите е вклучена и мрежата на МОФ, која пак е координирана и финансирана со големи износи од СОРОС Македонија.
Близу еден милион евра донации од СОРОС земала МОФ во период од четири години. Милионските суми кои како донација се слевале на сметката на МОФ биле од претставништва на СОРОС во повеќе земји. Најголем донатор на оваа невладина организација се јавува токму ФИООМ, претставништвото на СОРОС во Македонија.
После ова, прашање е дали и Студентскиот пленум е финансиран од Соросовата фондација во земјава, па рекламите кои можат да се забележат речиси на сите опозициски портали всушност се подмируваат со пари на Фондацијата Отворено Општество Македонија?
Во јавноста нема дилема дека СДСМ и СОРОС имаат ставено раце врз студентите и дека студентските протести се директно инцирани и поттикнати токму од нив. Потврда за ова дојде и откако низа активисти, функционери на СДСМ и пропагандисти на СОРОС отворено агитираат да се излезе на утрешните протести, а повик кон студентите упати и претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.
Дополнително, на социјалните мрежи, комуникациските центри на СДСМ постојано агитираат за поголема масовност на утрешниот протест против идејата за воведување на државен испит, чија единствена цел е да се зголеми квалитетот на високото образование, реформа која наидува на поддршка не само кај професорите, туку и кај поголемиот дел од студентите кои се категорични дека со државниот испит конечно ќе се знае кој ја заслужил дипломата, а кој ја купил со пари. Плусинфо, Либертас и Мактел се само дел од порталите каде може да се забележи “повикот за солидарност“ на пленумот. Сите портали каде с