Според UK Report, пронајден е нов револуционерен начин на создавање бебиња со помош и на трет родител во процесот. Прочитајте за што станува збор.Митохондриите се најважните клеточни органели, бидејќи клетките дишат преку нив, па 90% од нашата телесна енергија ја добиваме оттаму. Дефектите кај митохондриите може да донесат несакани последици по децата, па затоа научниците изнајдоа нов начин за спасување на децата од оваа појава.
Митохондриските дефекти секогаш се наследуваат од мајката, па затоа новата техника на поправање на тоа вклучува трет родител во репродуктивниот процес, односно мајка-донатор на здрава клетка и здрави митохондрии.
Постојат два начини на кои може да се имплементира овој нов метод: првиот вклучува работа со веќе оплодена јајце клетка која почнала да се дели и да создава ембрион.
Вториот начин вклучува работа со неоплодена јајце-клетка. Во двата случаи, јадрото од донираната клетка се отстранува и уништува, а на негово место се трансплатира јадрото од клетката на мајката чии митохондрии не биле здрави.
Оваа техника е се уште недоволно истражена. Во 2009 година за прв пат беше применета на мајмуни од видот макаки. Женката родила 4 мајмунчиња кои до денес се живи и здрави. Светската здравствена организација како и други организации треба допрва да го испитаат овој метод пред да одобрат негово користење во болниците низ светот.Митохондриите се најважните клеточни органели, бидејќи клетките дишат преку нив, па 90% од нашата телесна енергија ја добиваме отта
Пронајдете не на следниве мрежи: