Научниците пронајдоа маркер во мозокот кој одредува дали повеќе ќе надоаѓаат позитивни или негативни мисли.Способноста на личноста да биде позитивна или негативна, односно дали има оптимистичен или песимистичен поглед на светот, зависи од нервните склопови во мозокот!
Џејсон Мозер, кој е водечки истражувач и асистент, вели дека за првпат е пронајден маркер во мозокот кој јасно ги раздвојува негативните мисли од позитивните.
Во истражувањето учествувале 71 жени, бидејќи е познато дека припадничките на понежниот пол двапати повеќе заболуваат од анксиозност. На секоја од учесничките и беа покажани фотографии и графички прикази. Подоцна од нив беше побарано да гледаат на работите во позитивен контекст додека им се снима мозочната активност.
Истражувањето покажало дека мозокот кај делот од учесничките со позитивни мисли бил помалку активен од оној кај кои покажувале загриженост за време на експериментот.
– Тоа ни кажува дека на некои луѓе им е навистина тешко некоја ситуација да ја стават во позитивен контекст, а таквиот напор кај нив доведува до поголем интензитет на негативните емоции. – рече Мозер.Способноста на личноста да биде позитивна или негативна, односно дали има оптимистичен или песимистичен поглед на светот, зависи од нервните склопо