ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ?- Ова се 5-те најскапи кафиња на светот!

Веруваме дека многумина од вас го сакаат црното кафе и дека не можат да го започнат денот без него. Кафето денес стана составен дел од денот како и од животот.Постојат две врсти на кафе- Арабика- традиционално кафе кое го прави две третини од светското производство на кафе и врстата на кафе Робуст која има силна арома и обично се користи за добивање на инстант кафето.
Во продолжение прочитајте кои се петте најскапи кафиња на светот.
5. Кафе Fazenda Santa Ines
На последното место, односно на првото во овој текст е кафето Fazenda Santa Ines за кое морате да издвоите околу 110 долари за 1 килограм. Ова е најквалитетното кафе кое постои во Бразил. Рачно се бере и е познато по својата цитрусна арома и нежна структура.
4. „Св. Хелена“ кафе
Ова кафе се продава за 190 долари и за оваа цена ќе добиете 1 килограм кафе. Света Хелена кафето е мал, брдовит и тропски остров во јужниот Атлантски океан. Кафето овде се одгледува уште од 1733 година а притоа во последните 10 години ова кафе станало и познато помеѓу сите љубители на кафе поради својот единствен квалитет. За одгледување се користи само природно ѓубриво кое не смее да содржи неоргански супстанции од концентрат.

3. Кафето „Finca El Inherto“
Потекнува од регионот на Хуехуетенанг во Гватемала и неговата цена е 603 долариза килограм. Кафето во Гватемала се одгледува уште од почетокот 18 век. Еден од најпопуларните региони за одгледување е Кобан попознат по облачната клима и дождливото време кое како што веруваат многумина е и клучниот фактор за неговиот неверојатен вкус.
2.Кафето „Hacienda La Esmeralda“ од Панама
Кафето „Хациенда ла Есмералда“ чини околу 770 долари од килограм. Сопствениците на Есмералда се горди на своите зрели, црвени плодови на кафе кои се берат рачно. Кафето поминува низ ригорозна контрола на квалитетот секој ден и сите здрна кои се зелени се отфрлаат. Кафето е познато по тоа што е благо пржено, светло кафено, без маснотии на зрната и пикантен мирис.
1. Кафето „Kopi Luvak“ од Индонезија
Цената на Копи Лувак кафето е 320 долари, колку што се продава во САД, додека пак во Јапонија е и многу поскапо и достигнува до 1.200 долари. Кафето го добило името по цицачите кои се нарекуваат „Лувак“ кои живеат на дрвата и јадат црвени, зрели плодови на кафе.
Тие плодовите ги јадат цели, со сите семки и низ нивниот дегистивен систем минуваат низ хемиски процеси и ферментација. И понатаму недопрените зрна кафе се собираат од изметот на овие животни налик на дива мачка, ги чистат и ги пржат како и сите други кафиња.Постојат две врсти на кафе- Арабика- традиционално кафе кое го прави две третини од светското производство на кафе и врстата на ка

Пронајдете не на следниве мрежи: