Без голема филозофија и претерано размислување, две прашања откриваат дали тој навистина е за тебе…Прашања кои никогаш нема да престанеме да си ги повторуваме во себе…
Дали сме со вистинската личност? Дали треба да ја прекинам оваа врска? Дали ја правам вистинската работа?
Благодарејќи им на истражувачите од Америка, постои полесен начин да дознаеме дали личноста со која сме во врска е вистинската за нас… или подобро е да продолжите со потрагата.
Само две прашања ќе ви помогнат да дознаете дали личноста покрај вас е вредна за вашиот труд.
Одговорете искрено….
„Дали сметате дека би биле посреќни доколку не сте во врска со вашиот партнер?“ и „Што мислите, како тој би одговорил на истото прашање?“
На овие две прашања одговориле 4.242 двојки, а студиите биле предводени од страна на Лора Фридберг и Стивен Стерн од Универзитетот во Вирџинија, и тоа пред шест години.
Нивните одговори биле споредени со нивниот денешен емотивен статус, по што добиле интересни резултати.
Само 40 проценти од испитаниците ги знаеле емоциите на своите партнери, и овие двојки се и денес среќни. Погрешното толкување на чувствата на партнерот може да биде прилично непријатно, судејќи според мислењето на професорот Стерн.
„Доколку сметам дека мојата сопруга е среќна во бракот со мене, несвесно ќе очекувам од неа и понатаму да се труди. Но, доколку таа е всушност незадоволна, ваквата постапка ќе ја натера да размислува на развод“, објаснил професорот.
Според резултатите на овие студии, повеќето луѓе не се грижат за мислењето на своите партнери и го земаат здраво за готово. Професорот Стер смета дека куќните обврски би требало да бидат рамноправно распределени, и да се поминува повеќе време заедно со партнерот за да се одржува љубовта во живот.
Прашања кои никогаш нема да престанеме да си ги повторуваме во себе…
Дали сме со вистинската личност? Дали треба да ја прекинам оваа врск