Дали сте знаеле дека црквата благословува до четири брака?

Луѓето не се  многу информирани, па ако сакаат вторпат да се венчаат, не ни знаат дека претходно треба да се разведат во црква. Ако верниците се разведат, а не добијат развод од црквата, не може да се венчаат во црква вторпат.Се почесто се оди на разводи во црква
„Никој не може да го растури она што Господ го споил, а најмалку човекот“.Оваа фраза често ја слушаме како дел од молитвата за благослов на секоја венчавка меѓу невестата и младоженецот во црква. Со тој црковен чин новата брачна двојка се заветува пред Бога дека ќе се почитува меѓусебно и духовно ќе се надополнува. Но свештенството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија вели дека последниве неколку години е зголемен бројот на граѓанските разводи, па според тоа се зголемува и бројот на црковни разводи. Луѓето не се многу информирани, па ако сакаат вторпат да се венчаат, не ни знаат дека претходно треба да се разведат. Ако верниците се разведат, а не добијат развод од црквата, не може да се венчаат во црква вторпат.Од скопската епархија месечно стигнуваат до петнаесетина барања за црковен развод. Вообичаено, барањата пристигаат од оние што веќе решиле вторпат да се венчаат. Според црковниот тарифник, за реализација на таквото барање мора да се плати 1.000 денари. Оние што во минатото побарале црковен развод велат дека тогаш свештениците строго ги забранувале црковните разводи, но дека изминативе години малку попуштиле во процедурите. Инаку, свештениците се обидуваат да ѝ помогнат на брачната двојка и да ѝ дадат последна шанса да се спаси бракот. – За да може верникот да добие дозвола за втора венчавка, треба да постои и благослов од владиката на епархијата од каде што доаѓа. Тие што бараат развод, пред црковниот суд мораат да докажат некаква брачна измама, за тој да може да се поништи – објаснуваат од МПЦ. 
Црквата го прифаќа  граѓанскиот развод Црквата пропишува процедура на утврдување на околностите и причините за раскинување на бракот. Првично, свештениците се обидуваат да ги смират скараните брачни другари, секако ако им се обратат. Но на многумина не им успева. 

Црквата го прифаќа граѓанскиот развод од судот, а потоа во предметот навлегува духовниот суд, кој го разгледува секој развод одделно, ги испитува последиците од него и дури потоа донесува решение. За сето ова се одлучува на епархиски црковен суд. Тоа значи дека секој треба да побара развод од онаа епархија каде што претходно се венчал.Отец Бобан Митевски од скопската епархија вели дека обично постапката на црковен развод оди брзо, зашто луѓето доаѓаат веќе решени и со документ за развод на граѓанскиот брак. – По веќе поднесена пресуда за развод на граѓанскиот брак, оној што сака да стапи во втор брак, односно повторно да се венча во црква, треба да поднесе барање за развод на претходниот црковен брак. Инаку, ако бракот е во криза, постои советување кај свештеник. Некои од брачните другари имаат и свој духовен отец, со кој се консултираат за проблемите. Може да се склучат четири црковни брака. Не е ист чинот на венчавање на секој брак. Првпат кога се венчаваш се пее поинаква молитва, зашто црквата го смета тој брак за вистински и природен. Молитвата за венчавање за втор брак е пократка, односно не се читаат целосно молитвите со кои се благословува првиот брак. Второбрачноста и третобрачноста се допуштаат по икономија, односно во името на некоја поголема цел, на духовна и материјална градба – објаснува отец Бобан.Прељуба – гаранција за разводПравилата за црковните разводи на бракот се менувале низ вековите, а најчесто тоа го диктирале потребите на животот. Така, во првите векови на христијанството како правило се земала реченицата од Евангелието по Матеј: „Она што Господ ќе го соедини, ниту човек не може да го растури“. Ова останало и во Католичката црква, каде што бракот не може да се раскине. Единствена новозаветна причина за прекин на бракот била прељубата. Крутите прописи со текот на времето биле ублажени, но причините за прекин на брачната заедница правеле црковниот развод да биде многу повеќе исклучок отколку правило. Црквата го смета разводот за човечка слабост, која најчесто се случува поради несогласување на брачните другари, особено во време кога се нарушени моралните вредности во општеството.
Нова МакедонијаСе почесто се оди на разводи во црква
„Никој не може да го растури она што Госп

Пронајдете не на следниве мрежи: