Дали треба да посакуваме нешто со умот или срцето?

Дали знаеме што навистина посакуваме? Дали можете да се справите со добивањето на посакуваното? Дали кога посакуваш нешто толку силно имаш предвид дека не треба да се повреди никој друг? И дали си спремен ако не го добиеш посакуваното, да продолжиш да живееш со истиот енергетски баланс како претходно? Ако си бевте искрени со претходните прашања ќе видите дека има овде нешта на кои не ви паднало на памет, кои не сте свесни дека така ќе ги почуствувате кога ќе се прашате, кои не сте сакале да ги размислувате гледајќи само на сопствените „посакувања“ зашто нели самите сме си најважни.  И тоа е така навистина! Но, на кој начин, ќе ви објасниме подолу во текстот. Посакувањето на некоја желба е вообичаено, чувство, потреба, желба што се нематеријални категории, за најчесто нематеријални нешта… љубов, дом, среќа, здравје, па дури и да сакате куќа, кола, партнер  или било што материјално, вие задоволувате нематеријални, односно духовни или ако повеќе сакате емотивни потреби, да се чуствувате сакано, да се чуствувате безбедно, да се чуствувате конфорно, за да постигнувате баланс, хармонија во некое катче со некого и да бидете во ред со самите себеси.

Срцето е сензор (како кога слепиот човек кој развива повисоко ниво на сензации за детектирање на околината), а умот е логична камера со потенцијал за обработка на податоците
Дали треба да посакуваме нешто со умот или срцето?

Или пак  да задоволите некое его (кое е повторно нематеријално), ако сакате автомобил од 50.000 евра, таканаречен стан на тркала, за да покажете некаква моќ (кое е повторно нематеријална потреба)  или пак само да постигнете безбедно (кое е нематеријално чуство) и сигурно возење!
Но, да тргнеме од почеток кога веќе накратко утврдивме дека во коренот на посакувањата и тоа на најсилните, лежат нематеријални потреби. Е сега кое е посилно? Има ли растение без семе. . . Има ли семе без да има плод? Така е и со умот и со срцето! Тие делуваат во еден систем на врзани садови! Во еден Универзум наречен Човек! Имаат различни пристапи за Балансирање или Одржување на тој систем!!! Умот бара логика и на секој ум треба да му се „додворите“ со логични работи, со аргументи! Затоа луѓето преземаат низа вештини за да ги развијат интелектуралните потенцијали, за да им се додворат на оние кои ги сакаат, оние на кои има се плашат, оние од кои зависат…. и така запаѓаат во незавидно лоши ментални состојби, особено ако не се согласуваат со она што мораат да го кажат или сторат за своето  „безбедно“ постење во средината во која се.
Срцето не бара логика, тоа бара „чувство“ – „вибрација“, а не аргумент и некако, не е тоа волшебство, но за сигурно е чудо како знае кога е нешто вистинито, а кога не и н бара докази! И затоа тоа е многу поблизу до вашите изворни потреби! Треба да научите како да го слушате, бидејќи за многумина срцето е помоќно од умот.
Е сега како она што силно се посакува треба да се посака е еден процес во кој претходните две категории треба да се во добро воспоставена релација на свесност и мудрост на едното и другото.
Срцето е сензор (како кога слепиот човек кој развива повисоко ниво на сензации за детектирање на околината), а умот е логична камера со потенцијал за обработка на податоците и тоа со свесниот дел кој работи како еден комјутер и несвесниот дел кој работи врз база на искуства стекнати преку физиологијата на чуствувањето. Кога ќе ја постигнете оваа интегрираност на ниво на спокојна динамика, односно постигнете вибрацијата која космосот ја вибрира (чита), тогаш поврзувањето е реализирано, тогаш вашето посакување ќе биде реализирано, но САМО и само ако е со добра намера и ако не е на штета на други! Како да се справите со силните посакувања е работа на себе која можете да ја осознете во Холистичкиот Центар за Спиритуална Рехабилитација, каде преку динамични, хармонични и наменски техники ќе научите да допрете до себе си. Така што ќе знаете со свесност, мудрост, сознание да управувате со своите посакувања.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: