Шкотскит весник „Сандеј Меил“, објави дека Велика Британија продавала хемиски супстанци на Сирија, кои се користени за прозиводство на хемиски бомби. „Постојат релевантни податоци кои покажуваат дека Велика Британија се до почетокот на 2013 година не го запрела извозот на калиум хлорид и натриум хлорид за Сирија“, посочува „Сандеј меил“.
Весникот истакнува дека договорите за извоз на хемиски средства во Сирија важеле се до јануари 2013 година, кога Европската унија донела одлука да воведе поригорозни санкции против режимот на претседателот Башар ал Асад.
„Дел од британските пратеници очекуваат премиерот Дејвид Камерон да објасни зошто Велика Британија се до јануари годинава не го запрела извозот на сомнителни хемиски средства во Сирија“, пишува „Сандеј меил“.
Во меѓувреме, „Сандеј телеграф“ објави дека британските специјални сили испратиле свои членови во Сирија за да соберат разузнавачки податоци за хемиското оружје.
„Операциите на специјалните сили продолжуваат и покрај тоа што британскиот парламент се изјасни против британско учество во нападот врз сириски цели. Припадници на британските военовоздухопловни сили се обидуваат да ја утврдат местоположбата на хемиските арсенали во Сирија“, пишува „Сандеј телеграф“.
На оваа тема се огради Лондон, каде што владата на Британија демантира дека во минатото британските компании ја снабдувале Сирија соо хемиски супстанци за производство на хемиско оружје. „Постојат релевантни податоци кои покажуваат дека Велика Британија се до почетокот на 2013 година не го запрела извозот на калиум хлорид и на