Дали во иднина мобилните ќе бидат заменети со таблети?

 Прилично смешно од сегашна гледна точка, но ако размислиме малку предвидувачки кон иднината користејќи логика и сегашни случувања, ќе видиме дека можеби ова и не е толку невозможно..
 
 
 
 
  
Колумнистот Кевин Ц. Тофел во својата колумна на оваа тема пишува доста интересни теории зошто во иднина таблетите би можеле да ги заменат паметните телефони. Искрено, навистина се чини блиску до вистината, доколку го следиме напредокот на новата технологија како на пример опаметувањето на паметните телефони кое не застанува, тие денес веќе имаат карактеристики на таблет, единствената разлика е во големината на дисплејот.
Првата теорија е можеби најинтересната: самиот раст на софистицираноста на мобилните, всушност ги убива истите, односно ги претвара во таблети. Еве го примерот со Samsung Galaxy Note кој има најголем диспеј од сите мобилни – 5,3 инчи. Колку повеќе сме зависни од користење на паметните телефони, толку повеќе ни е потребно поголем диспеј бидејќи инстантната потреба од ТВ-то ја задоволуваме со Јутуб, било да се стрим или обични видеа, па затоа ни е потребен поголем диспеј кој ќе има и подобар квалитет на прикажување. Ти-мобајл направи анкета на своите корисници за тоа дали би сакале поголеми дисплеи на своите паметни телефони, на која 77% одговориле позитивно. Тоа прилично јасно наведува дека таблетите можат да ја вршат истата работа како телефоните, само подобро.
Повеќе на: Think.mk
  
Колумнистот Кевин Ц. Тофел во својата колумна на оваа тема пишува доста интересни теории зошто во

Пронајдете не на следниве мрежи: