Дали Заев и МПЦ разговараа за легализација на хомосексуалните бракови и за спорот со СПЦ?

Претставници на Македонската православа црква (МПЦ) Денеска остварија средба со премиерот Зоран Заев и министри од новата влада на која побарале од Владата поддршка за решавање на проблемите.Како што беше соопштено денеска од владината прес- служба, црковните великодостојници се пожалиле на бројни проблеми на црквата и побарале поддршка за нивно решавање.
Останува нејасно дали на средбата било отворено прашањето за легализација на хомосексуални бракови, тема која изминатиов период во јавноста ја наметна владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, а зад која отворено застанаа пратеници на СДСМ.
Премиерот Заев и министрите најавиле посветеност и волја низ заеднички работни и консултациски тимови да се најдат соодветни решенија за сите прашања и проблеми. Исто така, нејасно е дали на средбата станало збор за автокефалноста на МПЦ и спорот со СПЦ, имајќи ги во предвид ставовите на Заев кој им ветил на Србите автономија на МПЦ, наместо автокефалност.
Познавачите веќе коментираа дека освен автокефалност, секоја останата модификација, инпровизација од типот самостојна, широка автономија, самоуправна црква, а која би имала каква било поврзаност со Патријархот во Белград ќе значи духовен геноцид на овој православен народ.Како што беше соопштено денеска од владината прес- служба, црковните великодостојници се пожалиле на бројни проблеми на црквата и побарале поддршка

Пронајдете не на следниве мрежи: