Дали запленетите 152.395 евра се пратени од Прешево за кампањата на СДСМ?

На 16 декември, околу 20:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија беше запрено патничко моторно возило марка MERCEDES E220 со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин од Прешево. При детална царинска контрола на патничко моторно возило во долниот делот зад предната регистарска табличка, пронајден е специјално направен бункер од каде се извадени 152.395 евра.Согласно Законот за девизно работење, на лицето му се вратени 10.000 евра, износ кој нерезидент може слободно да ги изнесе од државата без да ги пријави, додека останатите 142.395 евра се привремено задржани и депонирани во Трезорот на Народна банка на Република Македонија.
Настанот е исклучитечно сомнителен доколку се знае дека СДСМ за својата црна кампања ја има ангажирано Белградската фирма „Артс енд Крафтс“, кои пак се поврзани со корупциски скандали, но и со пропагандата во Косово по која се случуваат масовни протести и судири меѓу полицијата и Србите на Косово во кои има и жртви.
„Белградската врска“ ја креирала стратегијата на СДСМ, неретко со силни кавги и со викотници на српски јазик за неспособност и за потреба од водење на интелигентна политика, дознава „Република“. Непознато е колку пари и преку кои канали Заев ги плаќал советите.
Дополнително, познато е дека на Бихаќка два или три пати во неделата соседите и новинарските екипи забележуваат дека пред седиштето на партијата многу често е паркиран сив џип со белградски регистарски таблички. Тројца луѓе со овој автомобил доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Тие биле „белградската врска“ која на СДСМ и Заев им нуделе помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување. Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер.
Дали токму овие пари кои пред два дена биле фатени на граничниот премин кон Србија, на излез од државава, биле пари со кои Заев и тајфата ги плаќаат услугите на криминалците од Белград кои го советуваат Заев за тоа како да ја дестабилизира Македонија?!
Техничкиот министер итно треба да го истражи овој сомнеж!Согласно Законот за девизно работење, на лицето му се вратени 10.000 евра, износ кој нерезидент може слободно да ги изнесе од државата без да ги пр

Пронајдете не на следниве мрежи: