четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дали знаете дека приказната за Мериот започнала со пивница?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дали сте знаеле дека приказната за Мериот започнува со пивница пред 89 години на денешен ден. Тогаш младенците Ј. Вилард и Алис С. Мариот, заедно со својот деловен партнер Хју Колтон, ја отворија малата локална пивница што прво прераснува во ланец од ресторани, а понатаму се развива денешниот Мериот глобален хотелски ланец. Marriott International овој ден го одбележува со благодарност кон вработените.Инспирирани од изјавата на Ј Вилард Мариот „Мотивирајте ги своите вработени, обучувајте ги, создадете од нив победници. Ние знаеме дека ако кон своите вработени се однесуваме добро, тие исто така добро ќе се однесуваат и со нашите клиенти, гости, а ако гостите се задоволни, тие ќе се вратат“, овој момент во сите Мериот хотели се одбележува со искажување на благодарност кон вработените, како продолжение на филозофијата и убедувањето на основачите на брендот.
Кон ова одлежување и иницијатива се приклучува и неодамна отворениот Skopje Marriott Hotel, како прв хотел во Македонија, со потпис на Marriott International. Лоциран на плоштадот Македонија, во центарот на градот, новиот хотел е експертски дизајниран, со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот. Располага со 164 гостински соби и апартмани, вклучувајќи го и луксузниот претседателски апартман.
Денес Marriott International, Inc., е глобална компанија за хотели со 4.300 имоти во 80 земји. Минатата година Marriott International имаше приходи од близу 14 милијарди американски долари. Седиштето на компанијата е во Bethesda, Maryland, USA.Инспирирани од изјавата на Ј Вилард Мариот „Мотивирајте ги своите вработени, обучувајте ги, создадете од нив победници. Ние знаеме дека ако к

Поврзани вести