вторник, 24 ноември 2026
Најново

Дали знаете се за високите потпетици?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доколку овие работи околу високите потпетици се уште не ги знаевте, прочитајте подолу и откријте…
1. Кога се појавија првите чевли со високи потпетици?
Тие се појавија во 14-от век и ги носеше маж. Луј 14 не можел да се помири со тоа дека е низок, па редовно носел чевли со потпетица од 4 сантиметри.
2. Кој ги прослави чевлите на висока потпетица?
Сепак жената ги направи чевлите на висока потпетица култ. И не било која, туку Катерина де Медичи. Со исклучително низок раст Катерина носела чевли на висока потпетица од 5 сантиметри уште од 14 годишна возраст.

3. Која е идеалната височина за чевлите со висока потпетица?
За потпетица на чевлите се смета секоја потпетица која е со висина над 5,5 сантиметри.  Сепак, истражувањата покажуваат дека потпетиците над 10 сантиметри не делуваат елегантно и се непрактични за движење.
4. Дали високите потпетици се штетни за вас и вашето здравје?
Одењето на чевли со нормално висока потпетица ја прават поцврста мускулатурата на нозете. Но, одењето на чевли со екстремно висока потпетица не само што штетат на нозете туку и на ‘рбетот.
5. Колку од жените носат високи потпетици?
Истражувањата покажуваат дека денес дури 65 отсто од жените во Европа носат чевли со висока потпетица дури 40 часа неделно и тоа главно на работа, а дури 35 отсто од нив носат потпетици повисоки од 12 сантиметри.

6. Што советуваат докторите?
Докторите сугерираат дека носењето на екстремно високи потпетици (над 12 сантиметри) може да делува и на мозокот зашто доаѓа до притисок на крвните садови и нерви што предизвикува послаби ментални функции и главоболка.
7. Што велат стручњаците за стапала?
Стручњаците за стапала истакнуваат дека носење на потпетица над 7 сантимтетри го зголемува притисокот на зглобот дури за 80 отсто.
8. Високи чевли на потпетица – без потпетица?!
Иако спаѓаат во чевли од модерното време, високите чевли на потпетица- без потпетица потсетуваат на некои средновековни креации. Прв пат се појавија на ревијата на Антонио Беради во 2007 година, а една година подоцна ги прослави Викторија Бекам. И покрај неприродниот и многу неудобен изглед оној кој ги носи нема никакви болки зашто се совршено избалансирани.Доколку овие работи околу високите потпетици се уште не ги знаевте, прочитајте подолу и откријте…

Поврзани вести