Дали знаете ШТО бојата на вашите очи говори за ВАШАТА ЛИЧНОСТ?

Очите се прозорец кон душата на човекот. Психолозите обрнуваат многу внимание на очите за да откријат дали некој лаже или ја кажува вистината кога зборува за своите моментални чувства. Но, дали сте знаеле дека за вашата личност зборува и самата боја на вашите очи?Црни очи

Вакви очи ретко се сретнуваат. Луѓето со црни очи всушност имаат многу темни кафени очи. Ако имате црни очи, вие сте живи и полни со страст. Вашите обврски никогаш нема да останат незавршени и секогаш ќе вложувате 100% од вашата енергија во сè што работите. Имате натпреварувачки дух и се трудите да бидете супериорни.
Таинствени сте и не им се отворате лесно на луѓето. Тоа понекогаш ве спречува да започнете љубовна врска. Но кога ќе се заљубите сте посветени и лојални. Црнооките често имаат цврсти ставови, но на овие луѓе можете да им верувате и да се потпрете на нив. Тие никогаш нема да ве изневерат. Една негативна карактеристика која ја имаат е нивната склоност кон расправање и постојаната желба да ги одбранат своите ставови дури и кога знаат дека згрешиле. Луѓето со црни очи се нетрпеливи и не би чекале долго.
 
Кафени очи
 

 
Ова е најчестата боја на очи. Кафената боја претставува едноставност, сила и креативност. Ако вие имате кафени очи веројатно уживате да бидете во центарот на вниманието. Луѓето со кафени очи се блиски до природата и тие не им придаваат многу важност на материјалните нешта.
 
Тие се одлични љубовџии и знаат како да влеат доверба во својот/та партнер/ка. Нив ги сакаат луѓето, меѓу другото затоа што знаат цврсто да стојат на нозе. Тие се екстравертни и сакаат да запознаваат нови луѓе, но проблем им е кога треба да ги искажат своите чувства пред други. Имаат одличен смисла за хумор и секогаш можат да ги расположат другите. Многу се паметни и луѓето често им се обраќаат за совет. Нивна јака страна е и креативноста, а имаат и смисла за мода.
Сини очи

Синооките луѓе фасцинираат со својот поглед. Кога ќе погледнете во личност со сини очи, не може, а да не ги забележите. Луѓето со вакви очи често имаат младешки дух.  Тие се шармантни, привлечни и вистински пријатели. Плавите очи носат спонтаност и енергичност.
 
Луѓето кои имаат сини очи го живеат животот во целост. Секогаш се трудат да им помагаат на другите бидејќи имаат изразено сочувство. Продуховени се и целат да имаат долги љубовни врски. Сакаат среќно семејство и очекуваат посветеност од партнерот. Имаат многу изразена моќ за перцепција и ништо не може да им се провлече. Многу се отворени кога станува збор за чувствата и не се срамат.
Сиви очи

Ретките луѓе со сиви очи се родени да бидат лидери. Тие имаат моќ да решаваат големи проблеми бидејќи секогаш имаат начин да дојдат до позитивен исход. Јаки личности се и поседуваат силна енергија која на некој начин ги штити од надворешни притисоци. Исто така се и прилагодливи, всушност не постои ситуација или околина на која не би можеле да се прилагодат.Имаат малку чуден карактер и често изгледаат како да се зафатени.
 
Не поднесуваат стагнација и монотонија. Секогаш мораат нешто да прават. Луѓето сакаат да бидат околу нив бидејќи тие имаат некое смирувачко дејство. Се водат од разумот и знаат да чуваат тајни. Не се баш авантуристички духови. Секогаш се педантни, но не се опседнати со тоа. Многу им е лесно да си го организираат животот благодарение на нивниот практичен начин на размислување и паметните одлуки кои ги донесуваат. Многу се верни и тежнеат да создадат траен љубовен однос.  Тие целосно му се посветуваат на партнерот.
Зелени очи

Луѓето со зелени очи имаат енергичен и креативен дух. Сакаат авантури и ги прифаќаат сите предизвици кои ќе се појават пред нив. Но, немојте да им се заканувате или да ги мамите. На тоа тие ќе ви одговорат со одмазда. Луѓето со зелени очи имаат реторички способности, а и интелигенцијата е нивна јака страна. Имаат страстен и жив дух. Никогаш нема да дозволат некој или нешто да им го попречи патот до среќата.
 
Страсни се и како љубовџии и исто така сакаат долги врски, но знаат да бидат и доста љубоморни. Имаат привлечен надворешен изглед и најсексапилна боја на очи. Сакаат да ги забавуваат другите. Ова се луѓе на кои можете да им верувате. Но, ако ги навредите, не очекувајте тишина – ќе добиете соодветна реакција со која ќе ве направат уште поголема будала одошто сте ги направиле вие нив.
Лешник боја на очи

Луѓето со лешник боја на очи се секогаш спремни да ги прифатат предизвиците. Никогаш нема да се откажат од борбата и ќе дадат сè од себе за да докажат дека се најдобри. Многу се сочувствени и секогаш се љубезни кон луѓето, но само додека е по нивно. Сакаат авантури и запознавање нови луѓе. Имаат темпераментен карактер.
 
Тргнете им се од патот кога се бесни. Луѓето со вакви очи имаат карактеристики типични за луѓето со зелени и за луѓето со кафени очи. Сакаат промени и се спонтани. Убави се и елегантни. Кога станува збор за љубовните врски, внимавајте, бидејќи тие се љубители на кратки врски, а нема ни да забележите кога ве завеле. Многу се енергични и храбри и сакаат да експериментираат во животот.Црни очи

Пронајдете не на следниве мрежи: