Дали знаете за Црниот змеј-Богот на ноќта!

Црнбог е Бог на ноќта и мракот во словенската митологија. Еден од најглавните пишани документи за Црнбог е секако ”Chronica Slavorum” на саксонскиот свештеник Хелмонд, кој кажува:  „Est autem Slavorum mirabilis error; nam in conviviis et compotationibus suis pateram circumferunt, in quam conferunt, non dicam consecrationis sed execrationis verba sub nomine deorum, boni scilicet atque mali, omnem prosperam fortunam a bono deo, adversam a malo dirigi profitentes. Unde etiam malum deum lingua sua Diabol sive Zcernoboch, id est nigrum deum, appellant.”
Што значи:
“Кaj Словените сепак постои чудна заблуда, бидејќи на гозбите и пијанките свои, обредуваат жртвена чаша, со која говорат, Несакам да кажувам зборови за посветување него за проколнување под името богови, се разбира добриот и злобниот, изјавувајќи дека секоја среќа доаѓа од добриот бог а несреќата од злобниот. И одтука на својот јазик го нарекуваат злобниот Бог Ѓаволот или Црнобог т.е. Црниот Бог.
 
Исто така и во Велесовата книга за Црниот Бог се кажува следново: ” Две битија во небото се содржани, Белбог и Црнбог се, а нив двајцата Сварог ги држи и заповеда”  (Д-11) и ” А кога ќе настапат деновите есенски, ја завршуваме жетвата и се радуваме за тоа. И ако тогаш некој скривне од патот и почне неразумно да говори тоа е од Црнбог….(Д-22).
 

Во Нава (Темниот Свет-Астрал), се свил во клопче Црниот Змеј. После поразот во битката со Сварог и Сварожичи, неговите воини се раштркале по Земјата. Полетала Правдата кон небесата, право кон самиот небесен Праотец. А Неправдата останала на Сировата Земја. Се распространила Неправдата по Земјата цела поднебесното царство на – напатениот Црн Змеј, богот на ладноста, разуривањето, смртта, служителот на црните магови и врачови. Околу неговата палата ползат змији – Ламијии. Шумски духови и вукодлаци лутаат по црните шуми.
”Над царството на темнината надвиле тешки облаци и јато гаврани кружат. Тоа Црнбог-Кошчеј својот бес го искажува, ги собира врачовите и вештиците – сите негови слуги – Коледова книга.

Црнбог е Господар на Тама-Нава, Пеколното царство. Неговиот престол се наоѓа во црниот замок, покрај него е божицата на смртта Марена. Одтука е поимот Кош-Мар (Кошчеј + Марена). Пред нив седи Радгост, задгробниот судија со лавја глава. Виј (Плутон), брат на богот на небото Диј, е војсководител на војската на Црнбог. Во мирнодопската доба Виј е тамничар (затвореник) во Пеколот. Он во рацете држи огнен бич, со кои ги часи грешниците. Неговите очни капаци се тешки. Па Вијевите пријатели му ги држат со помошта на вилите. Ако се случи да Виј отвори очи, тогаш човекот на кој он вперил поглед, од тој момент умира. Виј не поднесува сончева светлина, поради тоа он живее под земјата.
 
На Црнбог му служат и демоните – јасуњи. Вијевиот син Пан со јарешки копита, Црна Рода Бака, Дракон Јага, врачот Маргаст, сестрата Мага-Мазата, вештицата Путана и демонката Црната Кали. Волкдлаците, црните магови и вештиците ја чинат војската на Црниот бог. Неговите слуги се сесилите на темнината, жителите на Пеколот, демоните на Ада или Адот. Власта на Црнотбог е јака. Потчинета му е целовкупната темна страна на Постоењето. Од него излегува студ, Космичката темнина. Црниот бог  променува облик со своите моќи и може да се трансформира во човек или Светол Бог со помош на хипноза и илузија.

Тој се подсмева на верата, не го признава постоењето на Бог; па дури ни своето постоење. Црнбог војува со сите богови. Се случува да застане на страната на еден од боговите, но тоа го прави само со една цел – да ја расклати верата во другите богови. Тој ги порушува храмовите, спалува книги. Но, исто така, он и пишува книги, оние книги чија основна намена е да се уништи ведската вера. Неговата цел е да ја окова со лед човечката душа и светот. Тој е господар на студот и ледот. Неговата сопруга е божицата на смртта Мара. Црнбог  и Мара донеле на светот многу демони и демонки: Maроко, Мора, Црна Немоќ, како и керќите Лихоманка, кој кај луѓето предизвикуваат разни болести како што се: Потресуша, Погледуша, Пискавуша, Дебелушка, Нема, Глува, Ломљавка, Жутачка, Слабачка, Немирка, Зимогрижливка, Грактуша и др. Понекогаш војниците на Црнбог – Црниот Змеј завладуваат скоро со целиот свет. Тогаш големите ледници го прекриваат големиот дел од Земјата, над која би се надвило злото. Да се победи злото и на светот да се поврати Правдата, Севишниот се спуштил во нашата Вселена. Така тој, од сите дрги за нам непознати светови, го издвоил токму нашиот.

За борбата помеѓу Белбог и Црнбог е напомената од авторот на «Истории Каменской епархии», од XVII век: Oва е злобен Бог и Ѓавол – Црнбог, односно Црниот Бог, Белиот Бог е добар, бело-бог го нарекуваат. Фигура од неговиот идол, исклесан во камен, и потаму може да се види на Рујен, на полустровот Витт, популарно наречено Виттолд како ”Древниот Вит”. Со голема глава со густа брада он повеќе личи на чудовиште од лажниот бог.
 
Во овој Белбог делува како второто име Вита (Световит), чии Храм се наоѓал во Аркона на островото Руген (Рујен). Црнбог го споменува и Петар Албин во ”Миснеиска хроника”, 1590: ” Словените Црнбог го гледале како Бог на злотo, го замислувале дека целото зло е во неговата моќ и затоа некои го молеле за милост, они се помирувале во овој живот после смртта, да не бидат повредени и заведени”.
 
Црнбог го споменува и србо-лужичкиот етнограф Абрахам Френцели (1696).

 
 
Извор: svarogi.wordpress.com

Пронајдете не на следниве мрежи: