ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? – Синооките луѓе воопшто немаат сини очи!

Доктор Пол Вам Слембрук тврди дека доколку имате сини или зелени очи, тие всушност ја немаат таа боја. Нивната боја е структурална, што е резултат на навистина интересна физика.Според објаснувањето на Слембрук, обоениот дел на окото се состои од два дела, епители во позадина и предни строми. Епителот е изграден од само два слоја клетки кои содржат црно-кафеави пигменти, а наспроти нив, стромата е изградена од безбојни колегени влакна.
Понекогаш во стромата се наоѓа поголемо количество на потемен пигмент меланин, а понекогаш воопшто и го нема. Токму количеството на меланин влијае на тоа која боја се вашите очи.
На пример, кафеавите очи имаат поголема концентрација на меланин во стромите кои апсорбираат најголемо количество светлина која поминува низ кологените наслаги, давајќи му на окото темна боја.
Зелените очи имаат помало количество меланин и затоа апсорбираат помалку светлина. Тоа значи дека дел од светлината не се апсорбира, туку со помош на таканаречен „тиндалов ефект“, се рефлектира и создава сина боја.
Комбинацијата на апсорбираната кафеава и неапсорбираната сина светлина, му даваат на окото зелена боја.
Најфасцинантни се сините очи кои содржат многу малку меланин, па готово целата светлина која влегува во окото се рефлектира назад во атмосферата како резултат на „тиндаловиот ефект“.
Најинтересна работа е дека сините очи всушност немаат постојана боја, туку таа зависи од количеството на достапната светлина.Според објаснувањето на Слембрук, обоениот дел на окото се состои од два дела, епители во позадина и предни строми. Епителот е изграден од само два

Пронајдете не на следниве мрежи: