Damage control: До 11- ти декември и по него

Ете драги мои љубители на урбаното и хигиената и исто толку драги небањати рурални љубители на гипс картон и кич, конечно се случи. Припадникот на криминалното здружение наречено фамилија и латентно небањат лик Трајко, распиша избори. Мораше да се случи. И иако до крај не разбрав кој и од какви избори се плашел а кој и какви избори посакувал тие ќе се случат и на нив ќе учествуваат сите, и бањати и небањати, и бричени и забрадени и сунетисани и стари и млади и фантоми и реални личности ( за умрените ќе видиме ) и љубители на сендвичи гурмани што претпочитаат суши и револуционери и патриоти – сите со една цел, на нас да ни биде подобро. Имаат 50 и кусур дена да не убедат балансирано, непристрасно и под будното око на агенцијата, во која за воља на вистината членуваат и небањати но демократски се ставени во малцинство за процесот да може да тече урбано, дека токму тие се вистинската опција за Македонија. Неурбаните и небањати злобници ќе пробаат да спинуваат дека СДСМ повторно нема програма но забораваат дека истата е видлива како санта за „Титаник“ (бродот не случајот на СЈО ) и се вика МТВ1. Нејсе, боговите од Кале намигнаа и сега нашите јунаци ќе можат да пристапат кон древната окултна дисциплина на мерење кому му е поголем. Рејтингот де. Заев знае дека неговиот е поголем но не сака да се фали, Спасов задоволно намигнува со неговиот „Рејтинг“ а планот за Македонија само што не влегол во печатница, се чека законскиот термин да не се зафркнат пак како во Мај да испечатат 500.000 примероци па Грујо да се исплаши и да бега од избори. Но урбаните и бањатите луѓе не би биле тоа ако не им работи кликерот, па така гарант тие 500.000 примероци отпечатени во Мај годинава веднаш ги рециклирале по сите ЕКО стандарди за да не предизвикуваат непотребно загадување на воздухот па да #НеСеДише а секако и во согласност со програмската определба на нивниот нов и голем коалициски партнер, ДОМ еколошка. И така, сега инструкторите можат лежерно да си ја работат работата за која се платени #јер програма има, старите материјали се рециклирани заедно со старите кадри па на мир можат да ги учат среќните кандидати кои ќе се најдат на урбаните листи да ја повторуваат синтагмата троа посложена од дување во свирче и извикување #НемаПравдаНемаМир, а тоа е новата „ Доаѓа крајот на оваа криминална власт и злосторничкото здружение на ДПМНЕ ќе оди во затвор и парите ќе се вратат на народот“. Оваа фраза ќе треба да ја знае секој урбан лик а поготово оние погоре на листите па така да и жената ( или партнерот, на било кој од двата официјални јазика ) да го разбуди у пола три ујутру, особата треба прво да каже „Доаѓа крајот на оваа криминална власт и злосторничкото здружение на ДПМНЕ ќе оди во затвор и парите ќе се вратат на народот“ па дури потоа да праша шо е работата. Истата фраза треба да се употребува и кога комшијата пред лифт ќе ти посака добро утро, особено ако е неопределен и глупав, на таквите најмногу им треба урбана помош. И така жглааааап, победа на избори. Грујо бараше 63 пратеници а СДСМ не сака да е ништо подолу. И тие ќе освојат 63 (само) зошто се фер, демократи балансирани и урбани и не сакаат да се чаталат. Затоа треба да се предупреди членството и кандидатите да не претераат со употреба на гореспоменатата фраза зошто инструкторите не можат да бидат насекаде по теренот и да им викаат „Дувај, Дувај, јаче, јаче… “ па може да се случи не сакајќи СДСМ да освои и над 75 пратенички мандати а Заев знае дека тоа не е кул за една земја која сака да се нарекува демократска а згора на тоа и  ( види безобразлук ) Македонија.
  Но тука би престанал со политичката сатира бидејќи текстов може да го прочита Британскиот амбасадор и неселективно да ми додели грант од 80.000 евра што би било залудно трошење на средствата на британските даночни обврзници на неурбан, небањат и неслободарски лик каков што сум.  За ВМРО ДПМНЕ работите се кристално јасни. Тие во оваа кампања ќе се користат со добро испробаната формула, отчет за сработеното во изминатиот период, нова програма со прецизни проекти и временски рокови и орање на теренот во потрага по „златната“ 63-ка. Формулата што делуваше 10 изборни циклуси ќе биде реплицирана, надградена и најверојатно освежена со по некој нов лик. Стандард. Од друга страна веќе се надзира и стратегијата на СДСМ. Таа ќе биде базирана на три столба во периодов што претстои и тоа: 1. Двојазичност 2.СЈО и 3. Ветување на економски пакети на стероиди ( надуени ).
Двојазичноста малку ја начнав во колумната од минатата недела. Тоа е една проекција на боговите од Кале која претпоставува дека Македонија е општество слично на Американското, со повеќе етнички групи кои имаат македонско чувство на припадност и се лојални на матичната држава. Од тој аспект двојазичноста би била железо кое би ја поправило анемичната крвна слика на СДСМ прелевајќи гласови од националните партии на Албанците кон нивните миленичиња неокомунистите. Мерката би имала два таргета, засилување на пратеничкиот капацитет на СДСМ за сметка на Албанските партии кои така полесно би се убедиле за постизборна „голема слободарска коалиција“ или ти техничка коалиција која ќе го исклучи победникот (ВМРО) од равенката. Теоретски лепо звучи, малчице је друкчије у пракси – би рекол Бора Чорба. Со оваа наметната и неприродна мерка која не поминува добро ниту кај најверните членови на партијата ( стави-вади таблата во Чаир) треба да се прошири лажната теза дека ВМРО нешто им скратува на Албанците кое тие ќе го добијат ако застанат зад СДСМ на претстојниве избори. За легитимноста нека си се запрашаат во СДСМ но фактот стои дека за да ја испорачаат оваа мерка, потребно е двотретинско мнозинство, т.е. интервенција во уставот а за тоа да се оствари треба ВМРО ДПМНЕ да се сведе на 30 и помалку пратеници што е тешко изводливо. Доброто во ова ситуација е кога навистина би се убедиле ДУИ да и покрај евентуална победа на ВМРО која би била со помалку од 63 пратеници тие коалицираат со малцински СДСМ, и со тоа би загризале на јадицата на двојазичноста или само би ја искористиле како изговор за да им угодат на Боговите од Кале, но трајно би ја загубиле моќта на Бесата дадена пред повеќе години, победникот да коалицира со победникот од другиот етнички блок. Тоа е позитивно зошто на крај би се маргинализирала а во кратко време и згаснала ДУИ како што се случи со ПДП, со надеж дека нивното место би го заземала модерна партија на албанците која би гледала зад и преку квотите и етницитетот. Во оваа игранка треба да помогне и „независното“, најправедно и со најголема доверба кај народот ( кај бањатиот урбан народ секако ) СЈО. Оваа тртка на лицето на македонското судство треба да испорача пресови, случаи, ( докази не се толку битни зошто реално нема време за завршување на било кој судски случај започнат сега, до изборите ) од кои случаи ќе произлезат притвори ( ако не произлезат, се активира Нема Правда Нема мир машинеријата на улица ) и со тоа да се донесе раздор во редовите на владејачката партија. Ќе се проба да се врбуваат луѓе, да се посее страв и да се натераат инсајдери од партијата да сведочат против раководството. Имајќи ја во вид компактноста која ја покажаа во ВМРО во изминативе речиси две години притисок врз раководството, по веројатно ми е оваа мерка да им пукне в лице на идеолозите а малтретирањата на раководните структури на ВМРО по судови, притвори, театрални приведувања без започнување на случаи – можат да траат само 52 дена. Сигурен сум дека таквите настапи на СЈО повеќе би го врзале партиското ткиво од колку што би му наштетиле а по изборите и по извесната победа на ВМРО може да се случи и „да се свртат столчињата“ а во меѓувреме статусот на херои на притворените и таргетираните од СЈО да се зацврсне. Случајот Талески или ти „Транспортер“ е најдобар пример за тоа. Но еве, веќе утре е закажан прес на СЈО ( трет ден на кампања ) на кој очекувам да почне игранката а клучните „драмолетки“ ги предвидувам за 10 дена пред изборите. Но, да почекаме и видиме. Напомена, најголема маана ми е што сум секогаш во право ☺ . И конечно, третиот столб на револуцијата на урбаните и бањатите се „А-ла Циле Тупурковски“ предизборните ветувања, кои СДСМ нагалено и на шега ги нарекуваат економска програма. Можете да замислите кој калибар на лицемерие е Радмила Шеќеринска која ги донесе ЕВН пред 10 и кусур години, да ветува поевтина струја? Зоран Заев кој во своите фабрики исплаќа минимална според закон плата на сопствените вработени од 9000 денари, да ветува дека првиот ден кога ќе дојде на власт – ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари. Зошто не сега? Зошто не почне од сопствените фабрики? Го знаете веќе одговорот. Временската предизборна прогноза предвидува обилни врнежи од вакви ступидности и лицемерни изјави. Програмата не верувам дека ќе ја отпечатат, флаерчиња можеби, ама живи били па видели.
Мене ми е јасно, на Заев му е јасно, и на Рада и на КАЛЕТО им е јасно кој ќе победи на претстојните избори. Затоа и анкетите од ИРИ се чуваат во фиока. Тоа се вика Damage control, или да се спаси што е можно да се спаси. Од тој аспект комични личат гостувањата на Шилеже и компанија по „балансирани“ медиуми каде што ваквите изјави имаат една и само една намена. Куражење на сопствените членови и поддржувачи. Некои од нив ќе се најдат на листите, други ќе се најдат разочарани што не ги задоволиле високите урбани и бањати критериуми но и ќе се прашаат – за ова ли бевме на улица? Се надевам дека барем драматургот, чадорот и волшебникот ќе не почестат со 2-3 телевизиски настапи на Катица во предизбориево…. Па заслужи овој напатен и измрцварен и оспоруван народ да се насмее малку, па ако треба и грант за политичка сатира да и се даде на Катица #јер боља е сто пути од „Контравести“…. ИреМче извини….
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф,писател,аналитичар

Пронајдете не на следниве мрежи: