четврток, 12 ноември 2026
Најново

Данев: Спасовски е назначен за потпретседател на СДС за да ги елиминира професионалците кои работат на случаи против криминалците блиски до Заев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

СДС продолжува со лицемерната политика која најдобро е опишана во народната поговорка „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата.
Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и професионално да ја врши функцијата Министер за внатрешни работи, тој е назначен за потпретседател на партијата.
Граѓаните помнат дека во текот на претходните изборни циклуси, СДС го проблематизираше тоа што Гордана Јанкулоска во исто време била и министер за внатрешни работи и партиски функционер и носител на листа во изборна единица, бидејќи не се знаело „што е партија, а што држава“. Сега граѓаните го гледаат лицемерието на дело, односно како неговиот довчерашен генерален секретар станува потпретседател на партијата, додека во исто време е министер во МВР.
Двојните стандарди и лицемерието на Заев се бесконечни. Оливер Спасовски е назначен за потпретседател на СДС, бидејќи треба да ги реализира партиските чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои изминатиов период работат на случаи против наркодилерите и криминалците блиски до Заев и раководството на СДС.
Ова е само продолжение на обидите на СДС целосно да ги стават под партиска контрола органите на прогон. Првиот чекор беа заканите кон судиите со неуставен реизбор, а вториот иницијативата која ја покрена Зоран Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот „Поткуп“.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на СДС. Тие се должни и одговорни пред граѓаните да постапуваат исклучиво според Уставот и законите, а не според партиските наредби на потпретседателот на СДС или кој било друг партиски функционер.Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на парти

Поврзани вести