Џаред Лето добил уво како подарок

Актерот Џаред Лето, добивал најразлични подароци од неговите обожаватели, но најбизарна му е пратката од еден фан кој му пратил уво.„Некој си го отсекол своето уво и ми го пратил, а тоа е многу чудно. Цело уво, потег Ван Гог“, вели Лето во интервјуто за едно британско радио.„Во пратката, покрај увото, стоеше порака ’слушаш ли?’, а јас никогаш не дознав кој беше тоа“, вели Лето.На прашањето што направил со увото, тој се шегува и вели дека му направил дупче и го носел околу врат како привезок.Лето им порача на своите обожаватели, да не праќаат вакви и слични работи, ниту нему, ниту на неговите соработници.Лето играше во филмовите „Соба за паника“, „Боречки клуб“, „Реквием за еден сон“, „Господар на војната“, „Американски психо“…
МакфаксАктерот Џаред Лето, добивал најразлични подароци од неговите обожаватели, но најбизарна му е пратката од еден фа

Пронајдете не на следниве мрежи: