Дарко Станиќ го напушта Металург?!

Порталот Точка повикувајќи се на неофицијални сигурни извори објави дека Дарко Станиќ, еден од најдобрите европски ракометни голмани ќе го напушти актуелниот шампион Металург и ќе замине од Македонија.Информацијата околу заминувањето на Дарко Станиќ од Металург не е новост и истата беше топ тема пред една година, сега е повторно актуелна.-Според изворот причината поради која Станиќ заминува од Металург е моменталната ситуација во која се наоѓа ракометниот клуб, која од блискиот извор е опишана со зборовите – ништо не се знае! Инспирирани од овие изјави решивме лично да го контактираме Станиќ и да го запрашаме дали се точни шпекулациите за неговото заминување од Металург. “Во овој момент не сакам ништо да коментирам, а за тоа дали ќе останам во Македонија или ќе си одам ќе се знае за неколку дена“, бил одговорот на Станиќ.Договорот кој Дарко Станиќ го има потпишано со Металург истекува за една година.Информацијата околу заминувањето на Дарко Станиќ од Металург не е новост и истата беше топ тема пред една година, сега е повторно актуелна.

Пронајдете не на следниве мрежи: