• Бестселерот на Volkswagen сега е достапен и како електричен автомобил• Исклучително ефикасен, само 12,7 kWh на 100 километри, што е еквивалентно на 79* ден на 100 km• Опсегот изнесува 190 km• Ракувањето и возењето на Golf е во комбинација со широк спектар на стандардни карактеристики• Батеријата има 8 години гаранција или 160 000 kmGolf е најуспешен европски автомобил на сите времиња. Со лансирањето на новиот e- Golf, Volkswagen отсега бестселерот го претставува на пазарот и како целосно електрично возило од сериско производство. Особено агилен и ефикасен компактниот автомобил може да се пофали со широк спектар на стандардни функции. e- Golf може веднаш да се препознае по неговите карактеристични LED светла.
Со e- Golf, Volkswagen го воведува за само шест месеци своето второ електрично возило на пазарот. Агилниот и ефикасен е- Golf импресионира со најдобрите квалитети во својата класа, со ниска потрошувачка на енергија од само 12,7 kWh на 100 km. Од еколошки аспект, тој не загадува воопшто, работи екстремно тивко, а трошоците за возење се многу мали само 79* ден на 100 километри. Благодарение на особено иновативниот целокупен технолошки систем, подобрената аеродинамика ( CW = 0.281 ) и малиот отпор при движење, новиот електричен Volkswagen е за 15% енергетски поефикасен од неговиот најдобар директен конкурент.
*Во Македонија според цената на електричната енергија во скапа тарифа e- Golf би трошел 79 денари на 100 km. Во цената е пресметано: цена по kWh во скапа тарифа, цената за ангажирана моќност и данокот на додадена вредност. Цените се преземени од www.evn.mк
Golf е најуспешен европски автомобил на сите времиња. Со лансирањето на новиот e- Golf, Volkswagen отсега бестселерот го претставува на пазарот и к