Додека економистите и политичарите ги пресметуваат последиците од Брегзит, некои од теоретичарите, британската одлука ја поврзуваат со Големата Ложа на Англија! Според нив, датумот на објавувањето на резултатите од разводот на Британија од ЕУ не е случајно одбран. Тоа е 24 јуни, денот на формирањето на Обединетата голема ложа на Англија.
Имено, во 1717 година, четири лондонски ложи се собрале во еден клуб и ја оформиле Обединетата голема ложа на Англија, која се смета за прва голема ложа во светот. За голем мајстор бил избран сер Ентони Сојер.
Инаку, на 24 јуни според грегоријанскиот календар се слави раѓањето на свети Јован Крстител, кој во средниот век бил заштитник и патрон на ѕидарите во Европа, а нивните тајфи биле познати како Братство на Јован Крстител.
И настариот запис за Голема ложа во Ирска која инсталирала голем мајстор е од 24 јуни 1725 година. На истиот датум се обединиле ложите во Шкотска и уште во неколку европски држави.
Во светот, 24 јуни се смета за масонска Нова година.