Дебакл на СДСМ во Струмица: Очаен митинг на очајна партија и уште поочаен лидер!

Македонија се наоѓа пред голем предизвик за историските парламентарни избори во недела на 11-ти декември.Остана уште малку време пред предизборниот молк, а на граѓаните веќе кристално им е јасно која партија навистина се бори за нивните интереси.
Страните се поделени: на едната стои партија која заедно со коалиционите партнери нудат програма која се базира врз факти и реализирани проекти, на другата се наоѓа партија која без помошта од страна не може да се одржи на политичката сцена поради меѓусебните судири и раздори кои настануваат поради неостварени ветувања и срушени соништа за поставување на важна функција.
Пред самиот финиш, очајот на СДСМ се наѕира откако нивниот лидер Зоран Заев не можеше да собере доволно луѓе во родниот град и секако актуелното место на кое тој е градоначалник – Струмица.
Струмичани ги препознаа неговите скриени агенди и застанаа на страната на вистината. Губејќи го мнозинството пополека во овој град, Заев беше приморан да носи луѓе од други општини за да се постигне масовност на митингот.
Едно е јасно – повеќе ниту една маска на Струмичките карневали во иднина нема да го скријат продадениот образ на Заев!

Остана уште малку време пред предизборниот молк, а на граѓаните веќе кристално им е јасно која партија навистина се бори за нивните интереси.

Пронајдете не на следниве мрежи: